ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Здравјето на конец“, документарен филм за горчливиот живот на текстилните работници во време на пандемија

October 7, 2020 11:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Краткиот документарен филм „Здравјето на конец“ во продукција на Види Вака е вториот од серијата од шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од Kовид-19.

-Како е да се биде работник во фабрика во време на пандемија? Колку кризата од коронавирусот им го загорчи животот на текстилните работници? Токму на овие прашања во документарниот филм „Здравјето на конец“, четири жени ги одговараат, а воедно и посочуваат како е да се заработува со игла и конец, објаснуваат од Види Вака.

Продуцентите информираат дека во филмот една од текстилните работнички како самохрана мајка, во време на светска пандемија го губи своето работно место во конфекција без свое знаење. А другата, две децении својата работа ја доживува како затвор.

-Ние нашата фирма си ја викаме Алкатраз, истакнува една од работничките во фабрика.

Колективни отпуштања, прекини со спогодба и намалување на платата, беа едни од најчестите прекршувања на работничките права изминативе месеци.

Претседателката на Здружението на граѓани „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, за ваквите прекршувања прстот го вперува кај работодавците.

-Треба да знаат дека работничките и работниците се оние кои им го прават профитот, не обратно, вели Ампева во филмот.

Продуцентите објаснуваат дека една од протагонистите во краткиот документарен филм е и параправничката Розета Арсова која им помага на работниците во решавањето на нивниот проблем.

-Според Меѓународната конфедерација на синдикати, во земјава има „системско кршење на правата“, а со вакви слични предизвици како носителите на дејството во филмот, се соочуваат и други работници на фабрики на територија на цела држава. Кризата предизвикана од коронавирусот, дополнително им го отежна животот на текстилните работнички и работници, велат од Види Вака.

Автор на филмот е новинарката Христина Ѓорѓиевска, а директор на фотографијата е Крсте Шупев. Продуценти на документарниот филм се Мите Кузевски и Горан Игиќ.

-Тимот на Види Вака ќе продолжи и во иднина да ги покрива темите кои ги засегаат ранливите и маргинализираните групи и да поттикнува унапредување на човековите права преку медиумски содржини, велат продуцентите.

Next Post

(ВО ЖИВО) Немири на протестот на антифашистите во Атина за пресудата на Златна зора, над 2.000 полицајци, хеликоптери и дронови пред судот

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk