Талат Џафери во 24 анализа се осврна на апанажите на политичарите и смета дека не се изнесени податоците како што се добиени од Собранието. Антиокорупциска пуштила циркулари до Собранието.
„Формуларот и прашалникот по кој ставки и што бараат е нивен. Тие од нас бараа бруто износ и сме го доставиле. Требале да ја кажат информацијата како што ја добиел. Кога ќе кажете бруто плата, тогаш се мисли дека не е износ што оди на сметка на пратеникот за трошење како плата, а плата се мисли дека е она што се добива на трансакциона сметка.“ – рече Џафери.
Тој истакна дека едно е бруто, друго е нето. Апанажата е нето на она што го прима пратеникот според коефициентот што го има. Пратеничката плата е 3,5 коефициент и вели дека најниската е 57 000 денари. Разликата од бруто и нето оди во солидарните фондови кои ги користат сите вработени.
„Пратеникот зема апанажа минимум 57 000 денари, а претседателот околу 90 000 денари во зависност од стажот.“ – рече Џафери.