ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Економскиот инвестициски план потврда за посветеноста на Брисел да го зајакне процесот на проширување

October 8, 2020 08:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Економскиот инвестициски план за Западен Балкан вреден девет милијарди евра претставен заедно со пакетот за проширување е потврда дека Брисел е посветен да го зајакне процесот на проширување, оцени еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вчера за време на посетата на Скопје.

Вархеји кој лично го донесе и го презентираше Извештајот за реформскиот напредок на С Македонија и Економскиот инвестициски пакет за Западен Балкан, еден ден по официјалната презентација во Брисел, на прес-конференцијата со домаќинот премиерот Зоран Заев го стави акцентот на економскиот пакет на ЕУ чија цел е значителен поттик за економиите во Западниот Балкан за заздравување од кризата, постигнување забрзан одржлив развој како и подобрување на условите за живот.

Ова е само понуда, додаде тој, и зависи од тоа дали ќе бидат испорачани реформски резултати во борбата против корупцијата, владеењето на правото, во судството и во јавното обвинителство

-Ова е навистина голем пакет. Тоа се 9 милијарди евра од нашиот буџет, а нашите меѓународни партнери и институции со коишто работиме во регионот се подготвени да обезбедат дополнителни 20 милијарди евра за регионот,…Планот е регионален, не се работи за тоа колку ќе добие секоја поединечна земја, треба да му се помогне на целиот регион за да се развие во наредните 5-6 години, рече Вархеји.

Премиерот Заев истакна дека во Извештајот за нашата земја е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата со ЕК се наоѓа на многу повисоко ниво, дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати. Посебно се издвојуваат наодите во областите фундаментални вредности, избори, владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата од кои, вели Заев, може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми.  

-Јас како премиер заедно со министрите од анализата на наодите од Извештајот ќе ги искористиме укажувањата на ЕК за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјата за преговори посветен на темелните вредности кои натаму ќе се преточат, се надеваме, во преговарачките позиции на нашата земја, рече премиерот Заев. 

Тој го издвои како исклучително важен економскиот инвестициски план за Западен Балкан за кој, рече, еврокомесарот Вархеји има најголема заслуга, а со кој ќе бидат поддржани многу важни проекти за Северна Македонија како транспортното и енергетското поврзување, дигитализацијата, зелената агенда, социјалните инвестиции и енергетските проекти во целиот регион. .

-Проектите се спремни. Амбицијата за имплементација е следните четири години за време на мандатот на Вархеји и на оваа Влада и се надевам ќе имаме прилики заедно со Вархеји да ги пуштаме во употреба сите овие проекти за поврзување на нашите градови и регионот. Северна Македонија е подготвена со овие проекти и верувам дека ќе бидеме еден позитивен пример во севкупното покажување на имплементацијата и ќе ги оправдаме овие поддршки преку реформите кои се обврзуваме дека ќе ги завршиме во следниот период, истакна Заев.

Еврокомесарот Вархеји кој беше во еднодневна посета на земјава вчера се обрати и пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, имаше работен ручек со претседателот Стево Пендаровски, а се сретна и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Посетата на Скопје еден ден по презентацијата на годишниот извештај за реформскиот процес на земјата во Брисел, е дел од неговата регионална турнеја каде втора точка е Албанија.

Next Post

Утрински преглед на вести: Заев ќе отвори дебата за декриминализација на марихуаната, вртоглаво ќе расте бројот на заболени ако продолжиме вака, предупредува д-р Пановски...

НАЈНОВО

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров

November 11, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Израелскиот Парламент ја помина првата пречка за воведување смртна казна за терористи

November 11, 2025
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Зошто светот секоја година зборува за датумот 11.11

November 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео на Јутјуб, Фрчкоски „Во Центар“

    Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стоечки овации за македонското трио Анимато во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk