ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР основа за измените на Изборниот законик, вели Маричиќ

October 8, 2020 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат основата за измените на Изборниот законик, информира министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за еден изборен круг на локалните избори идната година ќе биде вградена во Изборниот законик,  Маричиќ рече дека секоја идеја за која ќе има консензус од политичките партии ќе се најде во текстот на законот, но оти сега не може да каже дали тоа ќе биде идејата за еден изборен круг на локалните избори.

– Ние го чекавме конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР кој што излезе пред неколку дена за изборите во Република Северна Македонија во кој што има конкретни забелешки и препораки што да се направи подобро и што да се измени во законската регулатива, рече Маричиќ и додаде дека веќе дал налог да се формира работна група во која соодветно ќе бидат застапени сите чинители, вклучувајќи ги и политичките партии.

Овој закон, како што посочи, не од формален аспект, меѓутоа од добра политичка пракса се носи со консензус и затоа многу внимателно ќе пристапат во инклузивен процес со сите чинители и од Парламентот и од институциите да го менуваме текстот на Изборниот законик.

Маричиќ додаде дека за тоа дали во тој процес ќе има договор, односно ќе се постигне консензус за еден круг на локалните избори, допрва ќе се види.

– Ние како владина коалиција и партија на власт имаме конкретни идеи. Веќе ги претставивме како идеи воведување на отворени листи за локалните избори на кандидатите за советите, а ќе имаме и други идеи. Во овој процес секоја идеја ќе биде вредна за разгледување и на крајот на процесот за секоја идеја за која ќе има консензус од политичките партии ќе се најдат во текстот на законот, рече Маричиќ, додавајќи дека од сега не може да каже дали тоа ќе биде идејата за еден изборен круг на локалните избори.

Според него, важно ќе биде на крајот на процесот на пролет идната година да имаме квалитетен Изборен законик, кој што ќе ги имплементира забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и кој ќе го зголеми степенот на демократија и учеството на граѓаните во изборите и да го дадат својот глас за оние кандидати за кои мислат дека се најквалитетни.

Министерот за правда на прес-конференцијата говорејќи за Извештајот на ЕК, посочи дека одреден прогрес е забележан и во делот на имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во однос на Изборниот законик.

– Се нотира дека треба во еден инклузивен процес во наредниот период да направиме дополнително усогласување со сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и со Венецијанската комисија што и Владата го најави како процес којшто ќе следува и којшто ќе го направиме, рече Маричиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот Зеленски

Зеленски жали за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk