ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Продолжува да расте бројот на заболени од Ковид-19, да се почитуваат мерките за заштита

October 8, 2020 08:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нови, досега рекордни кај нас, 317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа.  Во болнички услови починати се четири пациенти и тоа еден од Скопје (59 г.), еден од Струга (65 г.), и двајца од Гостивар (71 г. и 76 г.). Регистрирани се 104 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772. Бројот на активни случаи изнесува 2.892, најмногу во Скопје 1.166, во Струмица 185, во Кочани 183, во Тетово 168, во Куманово 166, во Прилеп 138…

Во болниците од Ковид-19 во монетов се лекуваат 405 пациенти, од кои 48 се на кислородна поддршка, а тројца на респиратор.

.Досега во земјава се направени вкупно 199.372 тестирања.

Надлежните и натаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои вклучуваат носење заштитна маска, држење дистанца, избегнување групирања и миење или дезинфекција на рацете.

Од Институтот за трансфузиона медицина информираа дека се обезбедени вкупно 129 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Од нив, 68 единици се обезбедени преку аферезна процедура од вкупно 30 дарители, а 59 единици се обезбедени преку стандардно дарување. Инаку, досега над 100 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.
Од Министерството за здравство посочуваат дека преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.
-Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус. Исто така, согласно протоколите ќе биде земен и примерок за одредување концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2, соопштија од Министерството.
Оттаму појаснуваат дека сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.  
Next Post

Сите инспекторати со поголеми овластувања, глобите за прекршителите и до 30.000 евра

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

(ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

November 10, 2025

Николовски: Се потврди скандалот со ИПАРД

November 10, 2025
Фото: Скриншот

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стоечки овации за македонското трио Анимато во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk