ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Бектеши – Тигањ: Има простор за зголемување на трговската размена меѓу Северна Македонија и Хрваска, раст забележан и покрај пандемијата

October 8, 2020 13:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со Нивес Тигањ, амбасадорка на Хрватска во земјава. На средбата, како што информира Министерството за економија, станало збор за економската соработка меѓу двете земји, мерките за справување со социо-економската криза предвизикана од коронавирусот како и економските политики на новата Влада за идниот развој на економијата.

Амбасадорката Тигањ упати честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на министерот Бектеши за министер за економија.

На средбата министерот ја информираше амбасадорката за политиките и мерките кои ги спроведе Владата во справување со последиците од пандемијата, пред се во делот на поддршка на економијата.

Министерот Бектеши се заблагодари за пријателската поддршка од Хрватска во демократските и евроатлантските процеси на земјава и истакна дека и покрај традиционално добрите билатерални односи, меѓу двете земји има голем простор за зголемување на економската соработка.

Според податоците од Државниот завод за статистика по намалувањето на трговската размена меѓу двете земји во 2019 година, според министерот Бектеши радува податокот што и покрај пандемијата, билатералната соработка меѓу двете земји во првите седум месеци годинава бележи раст 18,1 отсто, при што извозот од Северна Македонија кон Хрватска е зголемен за 24,7отто, додека увозот е зголемен за 11 отсто.

Овие податоци, како што истакна министерот се поттик двете земји во наредниот период да работат засилено на зголемување на трговијата, но и на поддршка на компаниите за проширување на своите деловни активности во двете земји.

Министерството за економија и во наредниот период ќе остане отворено за секаков вид на соработка со Хрватска, кажа министерот Бектеши, а со амбасадорката Тигањ се согласија дека ќе работат на дополнително унапредување на економските односи помеѓу двете земји.

Next Post
Прилеп (Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн)

Нови 12 случаи од Ковид-19 во Прилеп, 16 се оздравени

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk