Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека за нашата земја членството во Алијансата е значајно достигнување, а за НАТО Македонија е кредибилен партнер.
Прашан како ќе и помогне НАТО на Северна Македонија околу се поголемиот број на заразени од корона вирусот, Столтенберг рече дека бројот на заразени расте во цела Европа, а не само во земјава.
-Ни една земја не успеја целосно да го контролира вирусот и затоа НАТО долго време делува и ги поддржува напорите за справување со пандемијата, како транспорт на пациенти, поставување полски болници и слично, при што генерално воениот персонал е подготвен да даде поддршка на цивилните структури. Дадовме подршка на Северна Македонија и уште повеќе ќе дадеме, рече Столтенберг најавувајќи дека Македонија ќе добие респиратор од НАТО и друга опрема.
Запрашан зошто по шест месеци нема потврда за нашиот предлог за воен преставник на НАТО и дали Македонија ќе треба да испрати друг, Столтенберг се повика на процедурата.
Генералниот секретар му го честиташе роденденот на Заев, како и реизборот за премиер.