Од 470 милиони евра субвенции, грантови и кредити од четвртиот пакет економски мерки што ги усвои Владата, најмалку 250 милиони евра треба да им припаднат на угостителите, смета Независната угостителска комора (НУК), пренесеува Локално.мк.
Според Комората, само доколку навистина овие средства завршат на сметка на угостителската индустрија, ниту еден угостител нема да пропадне, ниту пак некој угостителски работник ќе остане без работа и плата.
Јосифовски оценува дека угостителите оставени сами на себе, не треба да стравуваат како да ги сочуваат своите бизниси зашто “новата локомотива има капацитет да ги изведе на патот од каде што ќе можат сами да продолжат самостојно да егзистираат за себе и своите вработени“.