ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Ниту една држава во светот, ниту меѓународна организација, нема право да се меша во нашето право на самоопределување

October 11, 2020 14:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државноста ја имаме, таа ни е обезбедена, долгорочно стабилна, бидејќи сме дел од НАТО-алијансата, следната задача ни е европскиот начин на живот да си го донесеме дома, преку пристапниот процес кон Европската Унија, потоа стандардот, платите, редот, правдата образованието, здравствениот систем, животната средина, порача од Могилата на непобедените во Прилеп заменик претседателот на владата за европски прашања Никола Димитров, кој ја предводеше владината делегација во која беше и министерката за образование Мила Царовска при денешното чествување на 11Октомври – Денот на народното востание.

Одговарајќи на новинарско прашање кои беа фашистичките окупатори, Димитров рече дека е погрешно едно зло да се врзува со цела нација.

– Многу е лошо ако лошото го врзуваме за нација. Во секоја нација, некогаш сме на добрата страна на историјата, некогаш на лошата страна. Мислам дека треба да го осудиме лошото или злото, ама без притоа да ставиме белег на една цела нација. Така е со Германија, една од нациите која најискрено и отворено се соочи со сопствената историја. Најверојатно нема друга нација во светот која толку директно и со отворени очи се соочила со фашизмот, најцрната страница од историјата на човештвото. Мислам дека ќе згрешиме ако на нашите соседи, прашањето беше за Бугарија, го ставиме тоа петно како на цела нација. Така ќе останеме назад. Речено е дека историјата треба да ни биде учителка, а не затвор. Ако оцрниме цел народ, историјата ќе ни стане затвор и нема да имаме избор, освен да се конфронтираме. Затоа мислам борбата била против фашизмот, но таа етикета не треба да се лепи на еден цел народ, изјави Димитров.

Тој нагласи дека сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели, мора да не прифатат какви што сме и каков јазик зборуваме, а тоа не треба да биде пречка за нашите евроинтеграции.

– Не е европски предизвик на македонскиот јазик да стане пречка на нашата иднина и европска интеграција. Ако Европската Унија дозволи, на некој начин, ова да биде пречка тогаш нема да ја заслужи придавката во своето име – европска и не знам дали ќе може да веруваме во неа. Мора мудрост и почит, нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели, мора да не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме. Ние зборуваме македонски јазик. Без елементарна почит, не може да се развива блискост или пријателство. Ниту една држава во светот, ниту соседна, ниту подалечна, па ниту меѓународна организација, нема право да се меша во нашето право на самоопределување. Прашањата ќе се решаваат на линија на европските принципи. Во ерата на 21 век, правото на самоопределување на сите народи, вклучувајќи го и македонскиот народ, е неспорно. Процесот што го почнавме со Бугарија во однос на разговор за наративите од заедничкото минато што не поврзува, мора да има и прифаќање на реалноста. Историјата не може да ја смениме, сегашноста можеме, можеме да обезбедиме подобра иднина. Сака мудрост од двете страни, рече Димитров.

Тој потсети дека е формирана комисија за историја каде има историчари од двете страни кои треба да ги разговараат овие прашања од историјата. Кога политиката премногу ја употребува историјата, обично не може да испорача резултати и не може да направи чекор и денес и утре, во сегашноста и во иднината. Овие прашања треба да ги оставиме на комисијата, на историчарите. Тие не се дојдени до периодот од Втората светска војна, а ние треба да се обидеме да ги повлекуваме чекорите за каква иднина сакаме да имаме утре, и во односите и во пријателството. Ако правиме чекори на тоа што се случило во 20, 19 век и порано, не сум сигурен дека ќе стигнеме таму каде што сакаме, нагласи вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров при чествувањето на празникот во Прилеп.

Next Post

Заев од Куманово: Борбата на сегашните генерации е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk