ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пуштена во употреба втората делница од новиот далновод Штип – Пробиштип

October 11, 2020 15:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

АД „МЕПСО“ денеска ја пушти во употреба втората делница на далекуводната врска меѓу трафостаниците  Неокази и Пробиштип. Дел е од новиот 110-киловолтен далновод Штип – Пробиштип, изграден на трасата на стариот, кој беше во функција речиси половина век.

Во проектот се вложени 2,45 милиони евра, преку заем од ЕБОР и сопствени средства на АД „МЕПСО“. Премиерот Зоран Заев на официјалното пуштање истакна дека се работи за капитална инвестиција во нова и модерна дистрибитовна мрежа која, како што рече, ќе донесе бројни придобивки за  реалниот секор и за населението од источниот дел на земјата и ќе креира услови за долгорочно и квалитетно снабдување со електрична енергија за Пробиштип, Штип, Кратово, Свети Николе, Крива Паланка и Злетово, како и за целосна енергетска функционалност на индустриската зона Неокази во која веќе има голем инвестотор од металопреработувачката индустрија.

– Пред точно една година бевме на оваа траса кога почнаа работите за изградба на новиот далновод. Првата делница, трафостаницата Штип – Неокази е пуштена во јуни годинава, а целта на пуштањето на новата делница е да ја потенцира нашата заложба за инвестиции во енергетската инфраструктура кои на долг рок значат подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со овој проект ја јакнеме преносната мрежа и создаваме погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори кои можат и знаат како да ги искористат економските потенцијали на овој наш убав регион, истакна Заев.

Нагласи дека заложбите на Владата во континуитет се насочени кон создавање подобро деловно опкружување за да се зголеми економскиот потенцијал и да се подобрат условите за работа, да се отворат нови работни места и да се привлечат инвеститори што, пак, ќе го зголеми БДП-то на државата.

Ги пофали и странскиот изведувач на проектот и домашните подизведувачи зашто во вонредни услови поради пандемијата, за неполна година е изграден и целосно ставен во функција овој значаен електроенергетски објект. Се заблагодари и за соработката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за реализација на инвестицијата.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека  е изработен објект од 25 километри и дека со проектот се подобрува квалитетот на електропренсната мрежа од Штип до Пробиштип, а по издавање на одобрение на градба, „МЕПСО“ ќе продолжи со инвестиција и на далноводот од Штип до Овче Поле, а веднаш потоа и до Скопје.

– Така што, целиот регион и целата држава ќе ја стабилизираме во енергетскиот сектор. Ова е многу значајно зашто компаниите, и домашни и странски, кога доаѓаат да инвестираат бараат стабилност, добра инфраструктура и добри патишта, како и добар електроенергетски сектор. Токму поради тоа, работиме не ваков вид објекти, но и поради кризата со КОВИД, ова е можност да ги вбризгаме парите во инфрструктура, во домашниот бизнис-сектор и компаниите кои работат и градат вакви значајни капитални проекти за државата. Ова е објект од 25 километри, да продолжиме со останатите 130 километри нови далноводи кои ќе бидат значајни за целата држава, рече Бочварски.

Напомна дека многу значаен проект е и поврзувањето на Битола со Албанија зашто и регионално, рече, ќе се поставиме како држава со стабилен енергетски сектор.

Генералната директорка на АД „МЕПСО“ Ева Шуклева истакна дека со новата делница на далекуводната врска меѓу трафостаниците  Неокази и Пробиштип ќе се овозможи доверливо и непрекинато снабдување со електрична енергија во источниот регион.

– Во вонредни услови и во период со многу ограничувања и предизвици, во целост и успешно завршивме регионално значаен енергетски проект – нов 110-киловолтен далековод, на трасата на стариот далековод кој беше во функција 48 години.  Со оваа инвестиција овозможивме Пробиштип од електроенергетски аспект да добие одлични предиспозиции за привлекување инвестиции, со што ќе се отворат нови рабиотни места во економската зона, рече Шуклева. Додаде дека вкупно ќе бидат изградени 130 километри нови далноводи и ќе бидат вложени околу 15 милиони евра.

 

Next Post

Заев: Граѓаните ќе може да патуваат во соседните земји, но апелирам само тогаш кога е најнеопходно

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk