ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тече откупот на преспанското јаболко, квалитетот одличен, цената добра

October 13, 2020 13:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Откупот на јаболката во преспанскиот регион засега се одвива добро. Јабоклопроизводителите се задоволни од досегашната откупна цена, која во моментот, според претседателот на Здружението на овоштари во Преспа Љубе Пампулевски, е од 14 до 18 денари по килограм.

– Состојбата со откупната цена во моментот е добра. Дел од јаболката од сортите ајдаред и златен делишес одат за складирање во ладилници. Цената за нив во моментот е од 14 до 15 денари по килограм, а цената за јаболка за консумација веднаш, е од 14 до 18 денари, информира Пампулевски.

Квалитетот и сортата, како што нагласи во изјава за МИА, се одлучувачки за цената. Екстра и прва класа од сортите црвен делишес и муцо е до 18 денари, а за златен делишес од 16 до 18 денари.

– Цената во моментот е добра. Ако проодолжи со оваа цена и интензитетот на продажба како што е досега, сметаме дека со оваа количина што ја имаме годинава од околу 120.000 тони ќе бидат задоволени околните пазари и до март треба да заврши продажбата, вели Пампулевски.

Годинашниот род и квалитет ги оцени како одлични, но забележа на последиците од ланското невреме што ја зафати Долна Преспа и намаленото производство за 30 до 40.000 тони, како и на последиците од климатските промени и глобалното затоплување.

– Задоволува тоа што има екстра квалитет, боја големина. Петнаесет до 20 проценти од вкупниот род е со екстра квалитет, околу 70 отсто е прва класа и остатокот е втора класа. За индустриска преработка ќе одат јаболката што се оштетени механички при самото берење и таму откупната цена е околу три денари за килограм, додаде претседателот на Преспанските овоштари.

За покривање на производствените трошоци потребни се околу 15 денари, во зависност од произведената количина јаболка на еден хектар.

– За оваа година просечниот трошок за производство е 11,2 денари по килограм јаболка на произведена количина од 40 до 45 тони по хектар, појаси Пампулевски.

Дел од јаболкопроизводителите сметаат дека откупната цена треба да е повисока, но оти ги продаваат јаболката бидејќи немаат друг избор.

– Реалноста е таа. Јас сум песимист дека откупната цена по килограм јаболко ќе се зголеми до нова година и затоа одлучив да продадам сега што е можно повеќе додека јаболката се свежи и тешки, вели Ана Лабор, земјоделка од Царев Двор.

Јаболковите насади на Лабор, кои се на површина од четири хектари годинава имаат одличен род. Очекува да дадат рекордни 200 тони јаболка.

– Во моментов продаваме на Apple Land јаболка од сортата ајдарет по цена од 14 денари за килограм. Таму ќе однесеме околу 75 тони од годинашниот род, информира Лабор.

Покрај тоа што откупната цена ги покрива годишните трошоци во производството на јаболка, производителите сметаат дека за забрзан развој во овоштарството потребна е поголема цена за да може да се покијат одредени инвестиции од столбови, мрежи и слично.

Next Post

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk