Во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски рече дека „Не може да очекуваме, веројатно и никој не очекува дека за една ноќ или за еден ден ќе се решат одредени работи. Мене ми е многу драго пред сѐ заради што јавноста реагира, ако ова беше едно општество кое што беше целосно затворено, поклопено, Антикорупциска комисија окупирана, Граѓанско општество исто така потплатено, медиуми поткупени, ние живеевме и се боревме против такво општество“.
И ако сакаме да си го доведеме во ред не треба да не чудат никакви работи, никакви скандали или како да ги нарекуваме. Нормално кога тоа општество ќе се развива ќе се движиме и ние, и малите и ситни работи коишто денеска јавноста реагира, и за чаша вода како е испиена во едно Министерство, а за само пред три години се трошеа милиони, стотици милиони за непродуктивни расходи, за трошоци коишто врска немаат со реалниот живот, подобрување на животот на граѓаните, па впрочем имаме стотици активни постапки за разно, разно обвиненија за сериозни финансиски злоупотреби, и нема ништо чудно кога низ трансформацијата низ која што се исправени дека јавноста ќе реагира за било што што е неправедно или е можно незаконито дејство на било кој функционер.
Така да очекуваме институциите целосно да си го одработат случајот, било што што ќе излезе првин треба да е најотворено, најтранспарентно. Ќе се бориме против корупцијата ако дадеме примери ако буквално се бориме за транспарентноста и отвореноста.





