ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски му додели „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир

October 15, 2020 13:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Орден за заслуги за државата“ денеска доби Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање. Ова високо државно одликување на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј во претседателската резиденција на Водно му го додели претседателот Стево Пендаровски.

На доделувањето на Орденот присуствуваа и премиерот Зоран Заев, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, членови на Бигорската обител, претставници на верски заедници…

Претседателот Пендаровски по доделувањето на Орденот рече дека нашата генерација има извонредно ретка можност да биде сведок на еден импресивен јубилеј, каков што е 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

– Бигорскиот манастир е едно од нашите најголемите духовни светилишта кое низ вековите и денес во континуитет претставува извор на писменост, култура и уметност. Бигорски не е само православен манастир и христијанско светилиште, тој отсекогаш бил прочуен на местото каде помош, поткрепа, човечки збор и утеха можеле да најдат сите без разлика на нивната верска, етничка и каква било друга припадност. Историјата на манастирот со не помалку и неговата духовна и културна мисија и ангажман лесно ги надминуваат државните граници и ги сплотуваат и обединуват луѓето, што сигурно е најблагородната можна кауза во светот од кој сме дел, истакна Пендаровски.

Манастирот на радост на сите, продолжува да живее, да создава добрини и да остава вредности, потенцира претседателот и додаде дека повеќе од убеден е дека и во вториот милениум од своето посетоење традицијата ќе биде продолжена, а сите ние ќе бидеме задолжени со нови културни и духовни подвизи и дела достојни за почит.

Потенцира дека и покрај убавите настани и јубилеи како денешниов оваа година ќе ја паметиме и по падемијата која од темел го промени нашето животно секојдневие.

– Живееме во страв и претпазливост поради вирусот додека сме соочени со разните економските последици што тој ги предизвикува. Меѓутоа токму во вакви моменти повеќе од кога било ни е потребна верба, солидарност и меѓусебна почит, грижа и внимание, љубов подарување кон блиските, сиромашните, кон ранливите. Навикнати на комотноста секоја промена ја доживуваме фаталистички и многу полесно од порано дозволуваме да не совладаат нетрпеливоста, гневот и фрустрациите. Меѓутоа токму илјадагодишната приказна на Бигорски не подучува дека животот не е само мед и млеко и дека како што вели народната мудрост „во секое лошо има и по нешто добро“. Човековата историја памети и други апокалиптични субитија, но човечкот род секогаш излегувал возобновен со нови животни искуства. Така ќе биде и овој пат, додаде Пендаровски.

Епископот антаниски г. Партениј се заблагодари за Орденот и посочи дека со ова почесно одликување нашата држава покажува дека умее да го препознае и да го вреднува и она што според зборовите на Светото писмо е вистинско, чесно, праведно, чисто, љубезно, што е достојно за слава, она што е добродетел, што е за пофалба.

Светиот Бигорски манастир, истакна епископ г. Партениј, не само што веќе еден милениум ги озарува овие простори со зраците на Божјата светлина и светост, со словото на Боженственото евангелие, туку низ историјата одгледал духовни и општествени дејци заслужни за нашата духовност, образование култура и државност.

– Секојдневно се сведоци на девалвирање на вредностите што се дел од човекот, на разноразни клевети, озборувања и лажни вести кои причинуваат штета во психосоматскиот систем на човекот, а особено на младите. Ете зошто денешново високо одликување од страна на највисоката државна институција на древниот Бигорски манастир како место на постојана молитва и патоказ за духовна генерација испраќа силна порака во нашето општество за тоа дека калта на овој свет не може да го засени блесокот на златото (севкупното христијанско наследство и Светото православно предание), што ја одразува светлината на Божјата убавина на благородството и на љубовта, додаде епископот г. Партениј.

По обраќањата настапи бигорскиот монашки хор.

Централна прослава на 1000 годишниот јубилеј ќе биде одржана в недела во Бигорскиот манастир. Одбележувањето ќе почне во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА. По завршувањео на литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Скопје домаќин на министерскиот состанок за внатрешни работи – прв во копретседавањето со Берлинскиот процес

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk