ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Во моментов инвестираме 840 милиони евра во изградба и модернизација на патната инфраструктура

October 17, 2020 16:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестираме преку 80 милиони евра во модернизација на патната инфраструктура во околината на Штип. Капиталните инвестиции се реализираат со добра динамика и во моментов работиме на изградба и рехабилитација на преку 400 километри патна мрежа во државата, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој  заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, в.д градоначалникот на општина Штип, Јане Миланов, градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов и градоначалникот на општина Конче, Благој Илиев, изврши увид во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш.

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, со должина од 40,41 километар и вредност од преку 42 милиони евра, се реализира во две фази. Градежните работи се одвиваат со силен интензитет и се очекува екпспресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок. Изградбата на првата делница, од Штип до Бучим е во завршна фаза, поголемиот дел е веќе асфалтиран, осветлувањето е поставено и во моментов се монтираат еластичните огради. На втората делница, од Три Чешми до Радовиш, во тек се подготовки за поставување на коловозната конструкција. Се очекува за три до четири месеци експресниот пат да биде пуштен во употреба. Министерот Бочварски истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции се одвива со добра динамика и Владата ги вложува сите расположливи капацитети и ресурси во насока на унапредување и модернизација на целокупната инфраструктура во државата.

–Имаме одлична динамика на изградба на експресниот пат Штип-Радовиш. Веќе се реализирани 83% од првата фаза, додека на втората фаза во тек се земјани работи каде, доколку дозволат временските услови во следниов период очекуваме уште поинтензивен прогрес, а дека  капиталните инвестиции се реализираат со силно темпо покажува фактот што во моментов инвестираме 840 милиони евра во изградба и модернизација на патната инфраструктура, со што градиме и рехабилитираме 400 километри патна мрежа низ државата. Само во овој регион, во околината на Штип и Радовиш, инвестираме околу 84 милиони евра во изградба и рехабилитација на патишта. Доколку на овој начин и со овој интензитет се работело низ изминатите триесетина години, убеден сум дека нашата држава би се одликувала со најквалитетна инфраструктура и најмодерни патишта во Регионот. Но, наш приоритет и наша обврска сега е, со посветена работа и максимални заложби, да ја унапредиме целокупната инфраструктура, да го подобриме квалитетот на нашите патишта и преку воведување на интелигентни системи и софистицирани решенија, целосно да ја модернизираме патната мрежа во државата и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, вели Бочварски.

 

Next Post

Елизабета Ѓоргиевска покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk