ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јакнењето на финансиската стабилност од голема важност за закрепнување на македонската економија

October 20, 2020 16:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но во голема мера се ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки. Потребно е да се продолжи со постојано следење на состојбите, прилагодување на политиките и преземање на навремени мерки, се дел од пораките што произлегоа од состанокот на Народната банка и Министерството за финансии со претставници на Меѓународниот монетарен фонд.

На состанокот, организиран онлајн во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, е истакнато дека последните податоци покажуваат значително подобрување на состојбата на економијата, но оти неизвесноста е се уште особено изразена. 

На состанокот, како што информира Народната банка, присуствувале гувернерката Анита Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии Фатмир Бесими, директорот на Одделот за Европа во ММФ, Алфред Камер,  шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу и резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле. 

Посебно внимание е посветено на предизвиците во следниот период кога приоритет останува справувањето со здравствената криза што ќе биде од суштинско значење за заштита на економијата и на јавните финансии.

Според оцените на ММФ, важно ќе биде и во текот на следните месеци да се дава поддршка на економијата, а мерките да бидат добро таргетирани, да имаат привремен карактер и да се спроведуваат на транспарентен начин. 

Од ММФ оцениле дека поголеми инвестициски вложувања во следниот период можат да помогнат да се зголеми потенцијалот за раст на економијата. Како што е истакнато на состанокот, и во текот на ковид-кризата не смее да се заборави на структурните реформи коишто се предуслов за натамошниот долгорочен раст на економијата. 

Во контекст на закрепнувањето на македонската економија, од високите претставници на ММФ е посочено дека голема важност е што финансиската стабилност постојано јакне и што постојано се работи на унапредување на регулативата во оваа сфера. Банкарскиот сектор, којшто е носечки столб на финансискиот систем, како што оцениле од ММФ, треба и може да испорача клучна поддршка за економијата и во натамошниот период на ревитализација. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Далај Лама го прославува 90. роденден

July 6, 2025

Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите и да истражат пријави за полициско насилство

July 6, 2025
Поплави САД. Фото: Скриншот

Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk