ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина

October 22, 2020 07:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров истакна вечерва декa Северна Македонија е посветена на имплеметација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и оти Софија одигра клучна улога во повторно актуелизирање на прашањето за проширување на Европската Унија, но напомена дека досегашниот успех ќе биде ставен во ризик доколку не се најде решение за ќор сокакот, кој настана поради спорот со Бугарија.

-Едноставно не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина, доколку се земе предвид дека ЕУ е заедница, која ги вреднува различностите, истакна Димитров вечерва за „Политико“, пренесува МИА.

Во написот на „Политико“ под наслов „Бугарија се заканува  со вето за преговорите со Северна Македонија“, се нагласува дека европските дипломати вчера имаа прва дискусија за преговарачката рамка и оти се уште има шанси да се избегне пропаѓањето на процесот и оти се планирани повеќе разговори.

За прв пат вчера темата за преговарачката рамка за Северна Македонија се најде на дневен ред на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, откако неколку недели се пеглаа ставовите на експертско ниво, јави претходно дописничката на МИА од Брисел.

-Се уште има простор за дипломатија, изјави еден од дипломатите, кој  учествувал на средбата, посочувајќи на подготвителните состаноци за претстојниот самит во рамки на Берлинскиот процес, кој ќе ги обедини лидерите од Западен Балкан и Европската Унија во Софија на 10 ноември, истовремено кога се одржува и Советот за општи работи, пишува „Политико“.

Дипломатски извори на „Политико“ изјавиле вчера по состанокот дека Бугарија го изнела ставот дека ќе стави вето на официјалниот почеток на преговорите со Северна Македонија, доколку не се земат предвид прашањата за јазикот и историјата.

Дипломат, кој учествувал на состанокот, нагласил дека бугарскиот претставник изнел „долг и мошне емоционален говор“ на темата, додава „Политико“.

Дискусијата за проширувањето траела речиси два часа, бугарскиот амбасадор најдолго зборувал, пренесуваат дипломатски извори за МИА. Тој ја изложил бугарската позиција околу усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, нагласувајќи дека Софија го оспорува краткото име на земјата (Бугарија смета дека земјата треба да се нарекува Република Северна Македонија во официјална комуникација, а не Северна Македонија) како и ословувањето на јазикот како македонски, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според дипломатите присутни на денешниот амбасадорски совет во Брисел, ниедна земја членка не ја поддржува позицијата на Софија, бидејќи е вон надлежностите на ЕУ и мора да се реши билатерално. Но, потсетуваат дипломатите, правото на вето во Унијата на овие теми е засега неприкосновено, и Бугарија, доколку одлучи може да го блокира усвојувањето на рамката.

Се очекува поддршката за преговарачката рамка да биде дадена на министерскиот состанок на Советот за општи работи на 10 ноември, но како што наведува „Политико“, постои можност Софија да го попречи овој процес.

Next Post

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk