Владејачката партија СДСМ денеска го одржува 25. Конгрес, кој е прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласуваат од партијата, се користат современи дигитални платформи и алатки.
Претседателот на СДСМ Заев ги нагласи и новите статутарни измени во партијата
– СДСМ е првата партија во нашата држава што на следниот конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори. Непосредно секој член ќе може да гласа и директно да одлучува кој и како ќе ја води партијата, објави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Тој нагласи дека првите такви непосредни избори за претседател на СДСМ е планирано да се одржат следната пролет кога и истекува мандатот на актуелното раководство.
– Сакаме да обезбедиме уште поголема демократизација, инклузивност и позитивна трансформација на партијата и на органите на СДСМ, рече Заев.