ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кога експертите молчат, будалите оро водат!

October 27, 2020 09:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Ја следиме ПОЛИТИЧКАТА дебата помеѓу власта и опозицијата за состојбите со епидемијата во земјава. Опозицијата секојдневно плука, блуе отров, бара оставки – а власта го има „истурено“ Филипче и, понекогаш, уште некој член од Комисијата за справување со епидемијата, за да се правдаат, да ги бранат и да ги објаснуваат здравствените состојби и политики во државава.

Гледаме и десетина други лекари кои веќе имаат стекнато статус на национални медиумски „селебрити“ кои ги коментираат состојбите, едни покритички, други повоздржано, но главно со добра волја да помогнат во релативниот хаос што владее во дискусиите за епидемијата.

И, уште, гледаме и читаме стотици и илјадници „обични“ граѓани, „експерти“ од интернет, кои бистрат или матат по социјалните платформи и другите медиуми, некои добронамерно, а многумина злонамерно, со голема доза на политикантство и со мала, но смртоносна доза на светски заговори, малку за забава, многу од страв, како импровизираат на темата…

Сето тоа го гледаме и слушаме, со месеци наназад.

Она што НЕ го забележуваме е каков било стручен придонес, со сопствени анализи и истражувања, од страна на којзнае колку професионални медицински здруженија, институти, факултети, катедри, МАНУ и невладини организации кои се занимаваат со медицински проблематики! А и кога ретко ќе се јават „за збор“ во јавноста, овие „ентитети“ главно имаат „плачливи“ (иако оправдани) синдикални барања, за плати, дневници, ноќници и разни додатоци, материјални или статусни.

Толку.

Ах, да, не треба да се заборави и приватното здравство коешто колку помага со своите болнички и други капацитети, во прв ред си го гледа бизнисот и профитот и од оваа вирусна епидемија. Нормално.

Затоа е, велам, целата епидемиска дебата во јавноста исклучиво ПОЛИТИЧКА, со хистеријата на која инсистира опозицијата од својата партиска говорница; и, од другата страна, растечката нервоза на власта заради лошите статистички трендови на заразени и починати од епидемијата. Колку што се едните опуштени во „лупетањето како максим по дивизија“, толку се другите уморни и на работ од очај, како Караџовски и Филипче на последната „ал фреско“ прес-конференција.

Повремено, некои медиуми – како, вчера, дебатата на Телма кај Боби Христов и неговите двајца одлични гости, професорите Даниловски и Беќаровски – ќе се обидат да ја „мрднат“ пошироката стручна јавност од својата експертска летаргија, за да се направи разложна критичка анализа на состојбите. (На пример, Беќаровски: „Кога правиме споредби, треба да знаеме дека буџетот на словенечкото здравство е 11,5 пати поголем од здравствениот буџет на македонското здравство“… итн.)

Зборот ми е, да бидеме реални, македонската лекарска и друга медицинска сфера – и во и вон строгата дефиниција на овдешниот „здравствен систем“ – ПОТФРЛА со својата вклученост во справувањето со епидемијава. Од таа експертска фела – бидејќи многу мал процент од лекарите и другите здравствени работници се вклучени во директно справување со заразата – се очекува многу повеќе од само да се апелира за носење маски, за одржување дистанца и за миење раце. Не сум проверил, но претпоставувам дека имаме барем неколку илјади магистри и доктори на науки од здравствените и другите сродни науки кои би можеле да сработат барем некој стручен аспект од кризава, макар за компаратива, за појаснување, за анализа, за нови препораки…

Бидејќи, кога тие би се вклучиле во јавните или стручните дебати за епидемиските состојби, многу би се намалил просторот за политичките и фејсбук импровизации по темава. Но, ништо. Речиси комплетен молк од нивна страна.

Ајде сега сите пред малите и поголемите екрани, за да видиме и чуеме што е најново во дневните здравствени препукувања помеѓу власта и опозицијата.

Да ти се поврати.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

Next Post

Утрински преглед на вести: Нов пункт за ковид-тестирање, измените на Законот за заштита од заразни болести пред пратениците, министерот Спасовски позитивен на коронавирус...

НАЈНОВО

Оскарите

Академијата бара членовите задолжително да ги гледаат сите номинирани филмови за Оскар пред гласање

November 14, 2025

Отворено писмо до премиерот Мицкоски од Судски совет, Врховен суд и Здружението на судии

November 14, 2025
Фото: Скриншот, Јутјуб

(ВИДЕО) Успешно полета ракетата „Њу Глен“ на „Блу oриџин“ – носи два сателити на НАСА кон Марс

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk