ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: 0.06% од учениците и 0.58% од наставниците позитивни на ковид-19, протоколите ефикасни, наставата се одвива непречено

October 27, 2020 10:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со КОВИД-19. Согласно овие податоци, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот. Наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација.

Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на држава процентот на заразени изнесува само 0,06%, а од вкупниот број 27.955 наставници и друг кадар овој процент изнесува 0,58%, што е далеку под еден процент. Во рамки на наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на корона вирусот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на Центрите за јавно здравје, со што се спречува трансмисија на вирусот.

Во сите останати случаи станува збор за учесници на онлајн настава, при што ниту децата, ниту наставниците имале контакти со останатите од училиштата. Исто така, учениците и наставниците кои одат во изолација поради близок контакт со заразаено лице, или затоа што се позитивни на КОВИД-19 наставата ја продолжуваат онлајн, со што се обезбедува континуитет во образовниот процес.

Министерството за образование и наука апелира учениците, наставниците и родителите доследно да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19 во училиштата и надвор од нив, затоа што само со носење маски, држење растојание и често миење и дезинфекција на рацете може да се спречи ширењето на болеста.

 

Next Post

Приштина разгледува нови мерки против Ковид-19, не е исклучено затворање на границите

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Гвинет Палтроу за поранешните љубови: Бен Афлек технички одличен, Бред Пит љубов на животот

January 7, 2026
Апсење на Николас Мадуро и геополитички последици по падот на Мадуро

Падот на Мадуро и скриениот губитник: Која држава ќе ја плати највисоката цена

January 7, 2026
Илустрација Фротнлајн, генерирано со ВИ

Божиќ – празникот на Христовото раѓање и зошто православните го слават на 7 јануари

January 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk