Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска е позитивна на ковид-19, информираше вечерва на својот профил на Фејсбук.
„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг. Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.Чувајте се!“, напиша Кузеска.