ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети

October 28, 2020 21:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Даут пашин амам синоќа беше отворена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“.

– Националната Галерија како стожер на уметноста во земјата, оваа година ја помина во исклучителни околности поради светската пандемија. Овие времиња се тешки за културата и уметноста. Нашата мисија е да се истрае, со цел и понатаму да бидеме културен, едукативен и стручен сервис за граѓаните, токму преку организирање настани кои ја одбележуваат креативната истрајност на творците. Оваа вечер, под посебни протоколи, ја посветуваме на изложбата „30 години творештво” на нашиот драг и ценет пријател, истакнатиот уметник Решат Амети, истакна на отворањето директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

Од Национална галерија на Република Северна Македонија информираа дека поздравен говор имал и вицепремиерот Артан Груби, долгогодишен пријател на авторот.

– Завршен збор со кој се означи официјалното отворање го имаше министерката за култура, г-а Ирена Стефоска. Во својот говор министерката го поздрави нејзиниот пријател и колега Решат Амети, му посака успех во понатамошната сликарска кариера, ја поздрави Националната галерија, директорката и целата екипа за одлично организираниот настан со високи протоколи за социјална дистанца, истакнаа од Националната галерија.

Од Националната галерија посочија дека на отворањето биле присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието на РСМ,  Талат Џафери кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и Косово во РСМ, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети.

– Решат Амети со емотивен тон им се заблагодари на сите за присуството на отворањето, негови долгогодишни пријатели, некои пријателства стари и триесет години колку трае и неговото ликовно творештво, соопштија од Националната галерија.

За широката публика изложбата е достапна во Даут пашиниот амам секој ден, освен понеделник, од 10-18 часот.

Next Post

Нов рекорд- 870 новорегистрирани, 14 починати од коронавирус

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk