ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Состојбата во градинките е се уште под контрола

October 29, 2020 12:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека состојбата во градинките се уште е под контрола и оти во нив се почитуваат протоколите за работа. Големиот број изолирани, вели таа, се должи на тоа што само еден позитивен негувател или воспитувач во изолација носи цела група од најмалку 15 деца и негов колега од истата група.

Таа информира дека во изолација се 482 деца кои посетуваат градинка и 77 вработени во градинките. Вкупната бројка на позитивни од 9 септември до вчера е 26 позитивни деца и 92 вработени во градинките, кои не се само негуватели и воспитувачи, туку и градинари, готвачки, хигиеничарки и друг персонал.

– Уште со отворањето на градинките, на 9 септември ние бевме соочени со голем предизвик, затоа што пред се, најважно е здравјето на сите граѓани, меѓутоа врвен приоритет претставува здравјето на децата кои започнаа да посетуваат градинка. Ја следиме состојбата, правиме контроли, на дневно ниво добиваме извештаи за новопојавени позитивни случаи како на вработени, така и на деца, и можеме да кажеме дека состојбата се уште е под контрола. Тоа го велам затоа што бројот на деца кои што се позитивни, во однос на сите деца кои посетуваат градинка говори дека се почитуваат протоколите, здравствената состојба на децата и вработените е добра. Во јавноста ги коментираат бројките на лица кои се во изолација, меѓутоа ако еден неговател е позитивен, повлекува во изолација најмалку 15 деца и неговиот колега од истата група. Затоа бројот на изолирани делува голем и граѓаните поставуваат вакви прашања, кои се многу легитимни, рече министерката Шахпаска за  Утрински брифинг .

Таа нагласи дека здравствената состојба на позитивните деца и вработени во градинките е добра.

– Имаше само две хоспитализации, на едно дете и на еден вработен. Голем дел излегуваат од изолација и се враќаат во градинките, како децата така и вработените, објасни министерката.

Шахпаска потенцира дека во повеќе од девеесет градинки е направен надзор со цел да се потврди дали се почитуваат протоколите, а се прават и вонредни контроли во градинките каде што инспекторите утврдиле дека не се почитуваат котролите.

– Врз основа на тие вонредни надзори се даваат насоки да се отстранат недостатоците, а состојбата се следи непрекинато. Истовремено Државниот здравствен и санитарен инспекторат којшто е надлежен за спроведување на мерките од Протоколот, направи контоли на повеќе од 90 градинки, што значи секојдневно сме во тек со состојбата на терен, рече Шахпаска. /МИА/

Next Post

Д-р Стојанов: Ќе биде направена епидемиолошка анкета на пратеничката Петровска, минимална е можноста да се заразиле пратеници

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk