ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев и Пендаровски: Преговори за јазикот и идентитетот немало и ќе нема

October 29, 2020 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не е прифатливо тврдењето дека македонскиот јазик и народ произлегуваат од бугарскиот и оти за нас црвените линии се дека нема преговори за идентитетот на Македонците и за македонскиот јазик.

Тој ова го посочи по завршувањето на седницата на СБ, одговарајќи на новинарско прашање за написот во Политико, според кој наводно на ниво на амбасадори во Брисел е понудено компромисно решение Бугарија да се согласи за почеток на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ, дека ќе признае јазикот и македонскиот идентитет, но од македонска страна ќе се бара дека јазикот и нацијата имаат бугарски корени.

-Можам да кажам само дека Грција го призна нашето право на самоопределување, тоа е наше чувство и секако дека преговори по нашиот идентитет и нашиот макеонски јазик нема и не треба да има. Бугарија е пријателска земја и јавно истакнува и за признавањето на македонскиот јазик и македонскиот народ. Таа ја признава реалноста. Верувам дека работните групи кои разговаараат ќе најдат решенија. Навистина очекувам од бугарскиот народ, од „лидершипот“ на Бугарија да направи конкретен прецизен чекор за македонскиот јазик и за македонскиот народ. Напоменувам дека нема да има нов договор, ниту анекс на договор, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Советот за безбедност.

Ние, додаде, сме подготвени да ги допрецизираме работите ако за тоа има потреба, се разбира во рамки на веќе потпишаниот договор со Бугарија.

-Постигнати се многу успеси досега, одржани се 10 седници. Најдени решенија за пет историски личности, за три историски периоди. Продолжуваме и натаму.  Водиме грижа еден за друг за разговорите така се гради пријателството, истакна премиерот Заев.

Тој ги охрабри членовите на билатералната комисија, како што потенцира, во духот на пријателството да ги најдат сите наши заеднички историски периоди кои не поврзуваат во заедничката историја, за заедно да ги славиме и тоа полека и повеќе да не зближува како два добри соседа и како две пријателски земји.

-За двете страни голема вредност е да се постигне решение. Само така им гарантираме иднина на граѓаните во насока на соработка пријателство и подобра иднина. Факт е дека ние имаме заедничка историја, таа не само што е потврдена во договорот и ја има и во нашите и бугарските учебници. Имало низ вековите наназад заедничка историја. Ако бидеме паметни со доминантен фокус на иднината може заедничката историја да ја искористиме како убава можност за да постигнеме договор и компромис, рече Заев.

На иста став е и претседателот Стево Пендаровски.

-Наша позиција е јасна. Преговори за идентитетот на македонскиот народ и за македонскиот јазик немало никогаш и кога ја правевме Преспа и кога го потпишавме Договорот добивме содржина со чиста формулација влезена во најголемата светска организација со 193 земји членки – македонски јазик. Точка. Толку. Од тие наши линии ние нема да отстапиме и безрезервно ќе ги браниме, рече Пендаровски.

Запрашан како ќе се најде компромис ако секој се држи до своите позиции, тој рече дека тоа ќе се направи исто како што се нашол компромис со Грција.

– 25 години преговаравме додека не сфативме што е за нив битно и за нас апсолутно најважно и на крај дојдовме до договор преку компромис. Мора да го почитувате условно кажано и својот политички опонент во преговорите. Убеден сум дека бугарските највисоки раководители се на ставот дека македонскиот јазик и Македонците како нација се реалност и тие ќе го признаат тоа, рече претседателот Пендаровски. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Пендаровски: Ако има потреба армијата ќе даде логистика, за тоа не е потребно да има вонредна состојба

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголемиот дел од светот ќе види 82-минутна „Крвава Месечина“ овој месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk