ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Училиштата остануваат отворени, нема голем број заразени ученици и наставници

October 30, 2020 14:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на Ковид-19, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека се додека не се создадат услови за затворање на училиштата, би останал овој модел на настава.

– На почетокот на оваа недела известивме колкав е процентот од вкупен број на ученици и ќе видите дека 0,05 проценти е заразеност кај ученици и 0,6 проценти е кај наставници. Што значи не надминуваме ниту еден процент, немаме ширење на ковид во училиштата внатре. Се додека не се создадат услови за затворање ние би останале на овој модел, рече Царовска во изјава за медиумите по средбата со наградени ученици на меѓународни олимпијади за информатика.

Според неа, има можност за заменски наставници во секој момент доколку се случи позитивен наставник, а наставниците можат да продолжат да даваат настава онлајн во случај да се изолира целото одделение.

– Сите држави во светот, а секако и СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во свет се отворени. Ние немаме голем број. Тоа што е важно за нашиот систем, за нашата држава е да имаме континуитет во наставата и ние ќе се залагаме за истото, рече Царовска.

Во однос на денешните барања на СОНК до директорите на основните училишта да се исплатат прекувремените работни часови, Царовска посочи дека училиштата каде што има доказ за надминување на часовите, согласно Закон за работни односи треба да ги исплатат прекувремените работни часови.

– Но, тоа е однос меѓу локалната единица на синдикатот и директорот на училиштето. Јас ги поттикнувам да седнат и заеднички да ги надминуваат овие прашања. Ве уверувам дека нема голем број на училишта каде имаме надминувања на бројот на часови, нагласи Царовска.

МОН, како што додаде, на 21 месецов упати писмо до сите училишта, посебно до директорите, државен просветен инспекторат за можностите кои се нудат на секое училиште во случај да има потреба од дополнителен кадар или дополнително ангажирање на постојниот кадар.

– Постојат неколку опции – тоа е дека согласно Законот за основно образование, основачот, односно, Советот и општината треба да ангажираат дополнителен кадар и да обезбедат средства за истото. Ние како Влада, во ребалансот, предлагаме дополнително зголемување на блок дотацијата за два процента, што значи обезбедуваме финансирање. Од друга страна согласно Законот за работни односи, наставниците кои сега се во настава можат да бидат платени за дополнителни работни часови во случај да нивниот број на часови во училница е зголемен согласно одредбите во Законот. И третата опција која веќе ја објавивме беше туторство, појасни Царовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025

Просечната нето плата во април 45.452 денари

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk