ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Објект во Гостивар е затворен на лице место, извршени се 742 контроли, инспекциските служби со поголеми овластувања

October 30, 2020 13:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера во Службениот весник на РСМ, се објавија  измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, со што и официјално од вчера вечерта стапија на сила и законските измени со кои сите инспекциски служби добиваат нови поголеми овластувања при постапување со прекршителите на здравстевните протоколи, известуваат од Државниот пазарен инспекторат.

Конкретно, вчеравечер (30.10.2020) инспекциските служби постапуваа според новите овластувања. При тоа од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државата се извршени  вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените протоколи.

При спроведените контроли во Гостивар ( 2 надзори и  50 контроли)  во угостителски објект кој се наоѓа во ТЦ Јавор,  констатирано е прекршување на новите одредби од изменетиот Закон за заштита на здравјето на населението од заразни болести, за што ќе се преземат соодветни мерки. Не е затекнато прекршување на работното време кај контролираните објекти. Во истиот момент кога се констатирани прекршувањата, ДПИ на лице место го затвори објектот, а изречена е и парична казна.

Најмногу контроли и надзори се спорведени во Скопје, односно 213 контолри и 12 надзори, при што не се констатирани прекршувања на здравствените протоколи, потоа во Битола (  9 надзори и 131 контроли), Штип (3 надзори и  83 контроли), Кавадарци (3  надзори и 63 контроли), Струмица (2 надзори и 50 контроли), останатите контроли и надзори се во Тетово, Охрид, Куманово, Битола, Струга.

Инаку, според новите измени и дополнувања на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен.  Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице. Со ова сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна, известуваат од Државниот пазарен инспекторат.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk