ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Сребрена палма за „Врба“ на Манчевски во Валенсија, за една недела освои две награди на два континента

October 31, 2020 12:13
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја освои престижната Сребрената палма на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија. Жирито на 35. издание на еден од најголемите европски фестивали синоќа му ја додели наградата со образложение дека е „одлично режиран филм што го истражува концептот на мајчинството низ потрагата по љубов на три жени“.

Ова беше многу успешна недела за „Врба“ во која освои 2 награди на два континента – Сребрената палма ја круниса шпанската премиера, а во понеделникот доби награда за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во САД каде ја имаше американската премиера.

Режисерот Манчевски лично присуствуваше во Валенсија, а неговиот филм имаше одлични одгласи во шпанските медиуми.

Во ласкавите оценки на шпанската критика за „Врба“ се вели дека е „величествен филм“, „брилијантен, перфектно балансиран“, „ Манчевски мајсторски ги испреплетува трите приказни“, „им пристапува на овие многу женски искуства со најголема почит и чувствителност“, „две моќни, предизвикувачки и прекрасно одиграни драми“, како и дека: „Емоционалните предизвици на бременоста и посвојувањето се рефлектираат со толку многу вистина, чувствителност и почит што се чини неверојатно дека ова женско дело е режирано од маж. Манчевски тврди дека ‘луѓето се луѓе’ и дека ‘Врба’ зборува за човечките искуства“.

Двете награди неделава за „Врба“ се надоврзуваат на големите интернационални успеси изминатиов период: во септември беше избран во селекцијата за престижната награда за најдобар филм на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како Европски Оскар, а доби и две номинации (за најдобар игран филм и за најдобар режисер) на еден од најголемите фестивали за независен филм Рејнденс во Лондон кој ќе се одржи во ноември.

Во изминатава една година од светската премиера на фестивалот во Рим, „Врба“ постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, и 4 награди, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради ковид-19 пандемијата. Исто така, се очекува следната недела „Врба“ да се врати и во македонските кина, како дел од програмата на кино Синеплекс во Скопје.

Истовремено, новиот филм на Манчевски „Кајмак“ доби поддршка и од данската држава – од Данскиот филмски институт, а дански продуцент на филмот е славната Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентката на филмовите ‘Меланхолија’ и ‘Антихрист’ на Ларс фон Трир, на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера’ и на ‘Сопругата’ за кој Глен Клоус доби номинација за Оскар, како и на хит сериите ‘Премиерката’ и ‘Рагнарок’. „Кајмак“ е поддржан во првиот рок на одлучување на конкурсот на Агенцијата за филм, како проект со мнозински македонски удел, а во него се активни продуценти од дури осум држави: Данска, Велика Британија, Белгија, Луксембург, Полска, Унгарија, Албанија и Словенија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk