ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Буџетот е во добра кондиција, порача заменик министерот за финансии од собраниската говорница

November 3, 2020 16:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието се очекува до крајот на денот да го донесе вториот ребаланс на Буџетот за годинава. Пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство го користат последниот ден расправа за ребалансот на Буџетот да ги вкрстат ставовите во однос на економијата во ситуација на пораст на бројот на болните од Ковид-19, како и начинот како земјата да се справи со тоа.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски од собраниската говорница порача дека Буџетот е во добра кондиција и во позиција да ги исплати сите обврски што ги има кон буџетските корисници и кон сите фондови.

– Во услови кога има намалена побарувачка и понуда на пазарот како резултат на здравствената криза и кога прибирањето на приходите е намалено сите држави прибегнуваат кон проектирање на буцетски дефицит за да може да се финансираат најраливите категории на граѓани и да се сочуваат работните места во компаниите кои се погодени од економската криза, рече Ковачевски.

Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли тврдењата на владејачката СДСМ дека опозицијата пет дена го кочи носењето на реблансот на Буџетот, а со тоа и четвртиот сет мерки за справување со коронавирусот. Мисајловски истакна дека тие како опозиција имаат право да ги кажат своите ставови и дека биле конструктивни.

– За се ја обвинувате опозцијата, за корона, за Буџетот…, рече тој.

Пратеникот Мисајловски го критикуваше справувањето со коронакризата и рече дека не треба да се игнорира опозицијата која е подготвена да помогне доколку власта тоа го побара од неа. Посочи дека ситуацијата е хаотична и оти власта нема предвидливост во ниту една област.

– Вие велите за корона кризата има пари, но не е така. На пример, за инфраструктура нема пари, но има за министри, за нивни родители, роднини. Во оваа држава се е наопаку. Институциите се на апарати за дишење, нема пари за плати, нема пари за ништо. Здравство едвај функционира. Жално е што вие како пратеници од власта правите политикантство и тоа го правите дури и сега во оваа корона криза. Незрело е однесувањето на вашиот министер Венко Филипче. Со вакви политики од министер кој плука по сите, тоа е срамно за државава, рече Мисајловски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ го праша заменик-министерот дали Владата има план како ќе го полни Буџетот следната година, имајќи предвид дека сме на два месеци пред крај на годината.

Коста Костадинов од СДСМ реплицирајќи му на Мисајловски рече дека во Собранието е потребно конструктивност и оти треба да се разговара отворено за се.

– И да имаме јасно изградени ставови затоа што се работи и станува збор за две спротиставени страни. Токму заради таа конструктивност бевте и вие дел од Комисијата за финансирање и буџет, во моменти кога беа оправдано отстутни колеги од ВМРО-ДПМНЕ јас ги образлагав нивните амандмани. Но, не можам да толерирам непознавање, предлагање на амандмани кои се веќе во завршна фаза на реализација, за проекти кои веќе постојат, за кои СДСМ мислел порано од вас. За дел од нив апсолутно сте во право и беа поддржани од мнозинството, рече Костадинов.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет беа прифатени девет амандмани предложени од  ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во контекст на обвинувањата за оддолжување на расправата за ребалансот на Буџетот објасни дека амандманската расправа заврши на 22 октомври, седмиот ден, на 23 беше државен празник, но Собранието го врати Буџетот во Владата, која, пак, во предвидениот рок подготви дополнителен текст и го врати во Собранието на 26 октомври.

– Според Деловникот од моментот кога ќе се врати Предлог – буџетот, не пократко од три дена, треба да се најде на седница. На 29-ти овој ребаланс се најде на пленарна седница и ние почнавме расправа, а денеска е петтиот ден, појасни Џафери.

Владата, рече тој, навреме го вратила ребалансот на Буџетот во Собранието.

Љупчо Балкоски од ВМРО-НП, дел од коалицијата на СДСМ, укажа дека во следните два месеци треба да се следи реализацијата на ребалансот на Буџетот и на четвртиот сет мерки што ќе се спроведуваат за справување со коронакризата.

Во ребалансот, според власта, се планирани средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk