Во вчерашните терористички напади во Виена, според досегашните информации, меѓу жртвите се спомнуваат и двајца млади, со потекло од Северна Македонија, од кои, едниот е меѓу терористите, а другиот меѓу невините жртви. Во еден од нападите настрадал 21 годишниот Неџип Вренези, со потекло од Велешта, Струга.
Според исказите на сведоците, Вренези во моментот на нападот бил излезен од угостителски објект и се упатил кон продавница кој се наоѓал спротив локалот за да купи цигари, а кон него се пукало од позади грб. Порталот „Њуз 33“ објавил и фотографија од жртвата.
Од друга страна, 20 годишниот Кујтим Фејзулаи од село Чолопек, Тетово, бил дел од терористичката група која пукаше врз цивили низ виенските улици. За него се тврди дека бил роден и пораснал во Австрија.
Официјално, австриската полиција потврди дека родителите на напаѓачот не биле поддржувачи на екстремизмот и насилството. А за напаѓачот се вели дека бил следен од австриските безбедносни служби, и бил дел од групата која во 2019 година направила обид да патува за Сирија, но биле спречени и вратени во Австрија.
Арбен Зеќири




