ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новиот фанцуски амбасадор Баумгартнер

November 3, 2020 13:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Франција во нашата држава, Сирил Баумгартнер.

Како што соопшти МНР, министерот Османи, посакувајќи му успешна мисија на новиот амбасадор,  ја истакна огромната почит за македонско-француските односи и плодна соработка која се одвива во многу области од взаемен интерес и која е базирана на традиционално пријателство и меѓусебно разбирање.

Во контекст на динамиката на европската перспектива на регионот, Османи се заблагодари за поддршката и експертизата која Северна Македонија ја добива од Франција, како еден од столбовите на Европската унија.

– Се наоѓаме во навистина клучен период кога во рамките на ЕУ се усвојува преговарачката рамка согласно новата методологија, за што ја очекуваме целата поддршка од страна на Франција. Одржувањето на првата Меѓувладина конференција и формалниот почеток на пристапните преговори ќе претставува заеднички успех и на Европа и на регионот, истакна Османи.

Во рамките на разговорот, министерот го поздрави идното засилено француско присуство преку активностите на Француската агенција за развој, со што се создаваат можности за  поблиска економска и финансиска соработка меѓу двете држави, како и засилување на соработката и во рамките на Франкофонијата, како значаен заеднички ангажман во меѓународното промовирање и ширење на францускиот јазик и нејзините вредности.

Амбасадорот Баумгартнер искажа задоволство за вкупната билатерална соработка и подготвеност да даде значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави и народи. Тој увери дека Франција ќе продолжи со принципиелната поддршка во насока Северна Македонија да го реализира следниот значаен исчекор на својот европски пат, да ја одржи првата Меѓувладина конференција и формално да ги започне пристапните преговори до крајот на годината..

Двајцата соговорници разменија мислења и за други актуелни прашања и состојби во Регионот и на меѓународен план, се наведува во соопштението од МНР. 

Next Post

Русија се соочува со преполни болници и недостиг на персонал во борбата против Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk