ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Телефонски разговор Пендаровски-Штајнмајер: Благодарност за постојаната германска поддршка за европската интеграција

November 3, 2020 18:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, пренесе МИА.

Пендаровски изразил задоволство од интензивниот политички дијалог меѓу двете држави и упатил благодарност до германскиот претседател за постојаната германска поддршка за нашата европска интеграција и затоа што прашањето за проширување на ЕУ е во приоритетите на германското претседавање.

„Во таа насока, претседателот Пендаровски  посочи дека очекува до крајот на годинава да се одржи првата меѓувладина конференција со што ќе се означи официјалниот почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ. Отпочнувањето на преговорите ќе биде дополнителен мотив за земјава и поттик за понатамошно спроведување на неопходните суштински реформи, особено во сферата на правната држава и социоекономскиот развој“ стои во денешното соопштение од кабинетот на Пендаровски.

Сојузниот претседател Штајнмајер истакнал дека после конструктивните разговори меѓу претставниците на владите на Северна Македонија и Бугарија во Берлин во текот на вчерашниот ден, се надева дека во рамки на германското претседателство, до крајот на годинава, официјално ќе започнат преговорите на ЕУ со нашата држава.

„При тоа, истакна дека билатералните прашања треба да се решаваат во духот на добрососедството и на европските вредности“ се наведува во соопштението.

Двајцата претседатели констатирале дека прашањата во однос на историјата треба да продолжат да се дискутираат меѓу експертите во рамки на заедничката комисија за историски и образовни прашања. Било истакнато и позитивното искуство на Германија во оваа сфера и понудена поддршка на работата на комисијата.

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер го осудиле терористичкиот напад во Виена и оцениле дека тоа е напад врз заедничките европски вредности во кои веруваме. Се согласиле дека е неопходна засилена соработка на безбедносен план за превенција и пресретнување на терористичките закани.

Пендаровски и Франк-Валтер Штајнмајер разговарале и за состојбите во двете држави во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, при што шефот на нашата држава се заблагодарил за добиената севкупна германска помош во справувањето со пандемијата.

Next Post

Обезбедени таблети за ученици од социјално загрозени семејства во ОУ „Пенестија“ со донации од дебрани во САД

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk