„Ние имавме една успешна акција пред некој месец, каде што луѓе кои што биле од келија 1, келија 2, 3 процесите, тоа се повратници биле осудени, излегле од затвор и продолжиле со такви активности тоа само по себе ја афирмира потребата од програми за рехабилитација и ангажман на такви луѓе затоа што дефинитивно издржувањето на казната затвор не го променила начинот на нивното однесување. Па беа документирани со докази, аргументи, факти една група која што имаше дури и самоубиствени панцири со куглици внатре за евентуални напади. Сето тоа кажува дека ниту ние како Северна Македонија ниту Австрија ниту било кој од светот не е имун на оваа работа, соработките мора да продолжат токму во таа борба против тероризмот и слично.“ додаде Заев.