„Уште синоќа се обратив до нашиот голем пријател канцеларот Себастијан Курц да изразиме сочувство до семејствата, до австриската држава, разговаравме во делот на тоа да се понудиме за помош. Прво, нашите служби безбедносни работат иако Австрија не е членка на НАТО но е една од европските земји со која што имаме одлична соработка, секако добив одговор дека почитува тоа што изразивме поддршка, споделивме сочувство како службите даваат потреба, тие се подготвени да се обратат. Тоа е е израз на пријателство и верувам дека секако ќе се најде, на нас кога ни било тешко и сме поминувале низ лоши периоди, секогаш пријателите ни биле добредојдени.“, рече премиерот Заев во денешното гостување на Сител телевизија