ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров и Османи не одат во изолација, немало ризичен контакт на состанокот во Берлин

November 4, 2020 16:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема ризичен контакт и нема да се издаде решение за изолација за ниту еден член на македонската делегација која присуствуваше на состанокот во Берлин, заклучила Комисијата за заразни болести, по извршената епидемиолошка проценка на ризик,  соопштија од Секрертаријатот за евопски прашања и од Министерството за надворешни работи.

Бугарското МНР денеска соопшти дека вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е во самоизлација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, отако бил позитивен на брз тест за КОВИД-19 член од бугарската делагација на состанокот во Берлин во понеделникот на кој присиствуваа и вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи заедно со претствници од Сојузна Република Германија

– Веднаш по добивањето на информацијата дека постои можност дел од бугарската делегација, која беше присутна на состанокот во Берлин, да е позитивна на КОВИД-19, СЕП се обрати до Комисијата за заразни болести, каде се изврши епидемиолошка проценка на ризик. Имајќи предвид дека сите мерки биле почитувани од страна на македонската делегација, односно сите претставници носеле маски и одржувале значителна дистанца, заклучокот од комисијата е дека нема ризичен контакт и дека нема да се издаде решение за изолација за ниту еден член на македонската делегација, соопштија од СЕП.

Сепак, со оглед на тоа дека вицепремиерот Димитров во наредниот период ќе продолжи со интензивни активности и меѓународни контакти, од СЕП наведуваат дека тој ќе изврши редовно превентивно тестирање согласно проактивната политика за тестирање на СЕП.

И од МНР, за МИА изјавија дека во разговор со Комисијата за заразни болести, констатирано е дека организаторите ги презеле сите мерки за заштита , во текот на средбите учесниците ги користеле сите мерки и протоколи за заштита  при што е констатирано дека во ниту еден момент немало ризичен контакт кој би бил причина за изолација,

Захариева е во самоизолација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, откако заменик министерот Петко Дојков кој бил дел од делагацијата на состанокот во Берлин во понеделникот  бил позитивен на брз тест за КОВИД-19.

Захариева нема симптоми, е во добра општа состојба и продолжува да ги извршува своите службени должности. Иако резултатот од брзото тестирање не е основа за карантин, потребно е таа да се изолира. Резултатите на заменик министерот Дојков се уште не потврдени со ПЦР тест, информраат од бугарското МНР.

Покрај Захариева и Дојков, во карантин се сите членови на бугарска делегација која беше во Берлин.

Средбата на вицепремиерот за европски прашања Димитров и шефот на димпломатијата Османи со нивната колешка Захариева во Берлин беше на покана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и на министерот за Европа Миахел Рот со цел приближување на позициите на Скопје и Софија во насока на отпочнување на пристапните преговорите со ЕУ за време на германското претседателвство.

Next Post

Национализам – дегенерација на патриотизмот!

НАЈНОВО

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk