ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ ја поздрави одлуката на Владата за целосно покривање на боледувањето од Ковид

November 4, 2020 15:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија ја поздрави одлуката на Владата да биде целосно покриено боледувањето на оние кои се болни, во изолација и самоизолација од Ковид-19.

– Ваквото барање на ССМ беше презентирано до социјалните партнери во целиот изминат период и укажуваше дека во активностите за сузбивање на заразната болест Ковид 19, покрај здравствените работници, учествуваат и голем број работници од други дејности и институции и заради начелото на еднаквост, рамноправност и еднаква достапност на правото за сите, заболувањето од Ковид 19 кај сите работници изложени на вирусот, треба да се третира како професионална болест со право на 100 проценти надомест на плата. Уште еднаш се потврдува дека преку социјалниот дијалог кој го води ССМ со Владата, многу лесно може да се изнајдат прифатливи решенија на проблемите со кои се соочуваат работниците, се наведува во денешното соопштение од синдикатот.

Од ССМ сметаат дека во Правилникот за професионални болести треба да биде внесен и Ковид-19.

– Поаѓајќи од тешката егзистенцијална состојба во која од почетокот на здравствената криза предизвикана од корона вирусот, се најдоа голем број на работници со тоа што се заразија вршејќи ги своите работни задачи, односно им беше определена изолација како резултат на изложеноста на вирусот пред се на работните места, ССМ предлагаше и смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести треба како професионална болест да се смета заразата со Ковид 19, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности каде е можен контакт и изложеност на Ковид 19, велат од ССМ.

Next Post

Македонец и Германка меѓу жртвите во терористичкиот напад во Виена

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk