Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден ја зголеми предноста во Невада пред ривалот Доналд Трамп за околу 3.500 гласови, јавуваат американските медиуми.
Во примерок од над 87 проценти преброени гласови, Бајден има околу 49,5 проценти од гласовите, а Трамп има околу 48,5 проценти.
Според Си-Ен-Ен, Бајден ја зголеми разликата и има повеќе од 11.000 гласови во однос на Трамп, а при претходниот пресек, таа разлика беше 7.647.
Невада носи шест изборни гласа, а Бајден сега има 264, додека Трамп има 214 гласа.
Победник на изборите ќе биде кандидатот кој прв ќе добие 270 изборни гласови.
Изборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, го загуби спорот пред судот во Мичиген, јавија британските медиуми.
Изборниот штаб на Трамп бараше да се запре преборјувањето на гласовите во оваа американска сојузна држава, меѓутоа државниот судија на Мичиген ја отфрли жалбата
Американските медиумски куќи Фокс Њуз, Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си го прогласија Бајден за победник во Мичиген со освоени повеќе од 50,6 проценти од гласовите, додека Трамп доби 48,8, врз основа на 99 проценти од преброените гласови.
			



