ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на шефовите на дипломатиите на Берлински процес на 9 ноември, ко-претседавачи Османи и Захариева

November 5, 2020 19:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Состанок на шефовите на дипломатиите од Берлинскиот процес за Западен Балкан ќе се одржи на 9 ноември во рамки ко-претседавањето на процесот од страна на Северна Македонија и Бугарија. Средбата на шефовите на дипломатиите ќе претходи на средбата на врвот на процесот на 10 ноември во Софија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Поради ситуацијата со Ковид-19, средбата на министрите за надворешни работи ќе биде организирана преку видеоконференциска врска, чиј домаќин ќе биде бугарското МНР.

Ко-претседавачи на средбата во он-лајн формат се шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева. Во рамки на состанокот ќе се одржи пленарна сесија, на која ќе бидат разгледани можностите и предизвиците пред Берлинскиот процес за Западен Балкан во контекст на мерките за изградба на доверба и за подобрување на регионалната соработка, вклучувајќи подобра поврзаност меѓу луѓето и инфраструктурата.

Фокус на разговорите на министрите ќе биде темата за младите и граѓанското општество во Западен Балкан.

Освен државите од Берлинскиот процес, на средбата во Софија он-лајн ќе се вклучат и претставници на Европската комисија, на Советот за регионална соработка и на Регионалната канцеларија за младинска соработка во Тирана (RYCO).

По завршувањето на видео-конференцијата на министрите, ќе се одржи прес-конференција на двајцата ко-претседавачи Османи и Захариева во он лајн формат.

Берлинскиот процес е политичко-дипломатска иницијатива, која почна во август 2014 година од страна на германската канцеларка Ангела Меркел.

Учесниците во процесот се земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, а нејзини ко-спонзори и поддржувачи се неколку земји-членки на ЕУ како Германија, Франција, Австрија, Италија, Велика Британија, Полска, Грција, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Next Post

Франција најпогодена европска земја со 1,6 милиони случаи на Ковид-19, рекордни над 58. 000 случаи за 24 часа

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk