ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стамов: Мицкоски кукавички бега од избори во Штип поради неспособност, партијата ја носи во бездна

November 5, 2020 17:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Иницијативата за свикување вонреден конгрес денеска го обвинија претседателот на партијата, Христијан Мицкоски дека се бори само за неговата фотелја, а не и за интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.

„Мицкоски кукавички одлучи да бега од изборно соочување во Штип, препуштајќи го без борба вмровскиот бастион на истокот. Неговиот повик за одложување на изборите не е ништо друго освен страв од сопствената неспособност и комплексите кои ги има од загубените битки со СДСМ. Да му беше барем малку важно како живеат штипјани овие неполни четири години или да го интересираше притисокот со кој се соочуваа членовите на партијата во Штип, Мицкоски немаше кукавички да се повлече од битката.

Членовите кои изгореа на терен ја добија битката за Штип на претходните парламентарни избори и покажаа дека можат да се носат со конкурентите од СДСМ и покрај катастрофално лошата кампања со која настапи Мицкоски. Тие ризикуваа и закани и одмазди од власта, но се одважија и се бореа. Истите тие, сега се предадени и продадени од Мицкоски“, изјави Борче Стамов од Иницијативата за вонреден конгрес.

Според него, Мицкоски се уплашил дека ќе направи уште едно кадровско промашување и дека членството ќе се увери дека нема капацитет да ја води партијата, па повторно решил да се затвори во својот кабинет и да ужива во привилегиите кои му ги чува скапо платеното партиско обезбедување.

„Мицкоски се откажа од борба за гласовите на разочараните неутрални гласачи и им ги препушти на останатите опозициски партии, порачувајќи им дека не може да се потпрат на него и на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа прави штета и на краток и на долг рок, слабеејќи ги позициите на партијата во наредниот период. Приватното обезбедување и семејната занимација со партијата не смеат да бидат пред интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Делењето на пари по фантомски медиуми, отварањето кафулиња и богатењето на поединци не смее да биде поважно од судбината на активистите на партијата и граѓаните кои очекуваат подобра иднина. Затоа Мицкоски мора да си замине“, рече Стамов.

На ВМРО-ДПМНЕ, додаде, не му треба лидер кој бега и не се бори, бидејќи „тоа не е опозиција, а партијата не е хидроцентрала“.

„Во момент кога постојат протоколи и кога цела Америка гласа, лицемерно е да се повикува на корона пандемијата, а истовремено да се организираат протести додека членови на Извршниот комитет тврдат дека короната не постои. Со секоја негова одлука и со секој изминат ден, станува се појасно дека Мицкоски нема капацитет и дека партијата ја носи во бездна“, рече Стамов.

Next Post

(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски бара одлагање на предвремените избори во Штип затоа што знае дека ќе изгуби

НАЈНОВО

Селим Ибраими

Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

November 4, 2025
Скриншот

Анчелоти: Имам добри односи со Винисиус, како и со другите играчи

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk