ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анкета на МЦМС: Мнозинството граѓани веруваат дека Владата нема да попушти пред приситокот од Бугарија

November 6, 2020 20:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мнозинство од граѓаните во државава веруваат дека Владата нема да попушти пред притисокот од соседна Бугарија. Вкупно 54,7 процнети воопшто или до некаде не се согласуваат со изјавата дека Владата ќе се согласи со се што ќе побара Бугарија, а малку повеќе од третина (37,4 посто) рекле дека целосно или до некаде се согласуваат со таа изјава.

Ова се дел од резултатите од последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма посветена на релациите меѓу Северна Македонија и Бугарија, а во светло на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

Разлики во одговорите, како што соопштуваат од МЦМС, можат да се видат кај најголемите етнички заедници, па така, 61,3 посто од етничките Македонци воопшто или до некаде не се согласуваат со таа изјава, а од нив, 44,8 отсто воопшто не се согласуваат со оваа изјава, додека 56,6 проценти од испитаниците етнички Албанци рекле дека целосно или до некаде се согласуваат со изјавата.

На прашањето „Што е најмалку прифатливо за вас во односите со Бугарија“, граѓаните најчесто го избирале одговорот „сите се неприфатливи“.

– За речиси една петтина од оние кои решиле да изберат своја црвена линија, најнеприфатливо е признавањето дека Гоце Делчев и припаѓа на Бугарија и на нејзината историја. Потоа, 18,3 посто од граѓаните црвената линија ја поставуваат на постоењето на македонската нација и пред 1944 година, додека за 14,9 проценти е најнеприфатливо да не се употребува терминот „македонски јазик“ во ЕУ. За 45 проценти од етничките Македонци сите изјави се неприфатливи. На второ место е припадноста на Гоце Делчев која е најважна за 34 посто од испитаниците, а потоа е постоењето на македонската нација која е црвена линија за 25,3 проценти од граѓаните Македонци. Најголем број од етничките Албанци (30,7 отсто), црвената линија ја поставиле на македонскиот јазик во ЕУ, а веднаш потоа е постоењето на македонската нација (23,2 посто), се наведува во соопштението.

Анкетата опфатила и неколку економски прашања. Како што посочија од МЦСМ, поделени се мислења на граѓаните во поглед третманот на националните власти и институциите низ годините на развојот на Коридорите 8 (Бугарија-Албанија) и 10 (Србија- Грција).

– Вкупно 44,2 посто се согласуваат дека третманот бил фер и подеднаков, додека 42,4 проценти не се согласуваат со тоа. Мнозинство од испитаниците (52,4 посто) сметаат дека националните власти и институциите фер и подеднакво се однесуваат кон фирми, банки и економски иницијативи од Бугарија наспроти другите соседи. Наспроти нив, над една третина односно 35проценти не се согласуваат со таа констатација, наведуваат во соопштението.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета во периодот од 31 октомври до 5 ноември 2020 година. Анкетата е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.

– Ова е првиот дел од анкетата. Вториот дел ќе биде публикуван во текот на следната недела. Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“, наведуваат од МЦМС.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030

June 24, 2025

Мицкоски за извештајот на Вајц: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули

June 24, 2025

Нови 116 милиони денари за 47 проекти за развој на урбаните и специфичните подрачја, селата и центрите во планските региони

June 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јонузи: Политичките елити да не ги затвораат очите пред идеолошкото инфилтрирање од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тато, дали сме ние во војна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Година дена Влада на Мицкоски: Европската интеграција во ќорсокак – уставните измени во застој, економски раст на хартија, инфлација на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk