Отворањето на преговорите со Северна Македонија ќе биде или заеднички успех или заеднички неуспех за Брисел, Софија и Скопје, смета вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Во вечерашното госрување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Димитров кажа дека е многу битно каква порака ЕУ ќе се испрати до целиот регион.
– Каква пораката се испраќа за целиот Балкан ако во март има одлука за преговори, а до декември ништо не се случи. Довербата во зборот на ЕУ ќе се истенчи уште повеќе. Тоа не е добра порака до нашите соседи. Ако се видат сите извештаи факт е дека ние со сите наши мани, во очите на ЕУ има надеж дека нашево ќе успеее дека ние ќе се реформраме и ќе станеме европска држава. Така не гледаат во многу земји членки, рече Димитров.
Во тоа, нагласи, инвестираше и самата Бугарија, особено кога претседаваше со ЕУ, што е потврдено и во многу говори на премиерот Бојко Борисов и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева кога ги убедуваа другите членки дека треба да се даде зелено светло за преговори.
Димитров вели дека Германија интензивно работи да се најде решеие и за време на германското претседателство со ЕУ, Северна Македонија да ги почне преговорите.
– Треба да најдеме европски решенија, мора да одиме кон Еворпа со европски решенија. Ова не е последен КОРЕПЕР, ќе видиме што ќе се случи во наредните денови. С Макеоднија е целосно посветана на евроинтеграцијата и на Договорот за пријателство, додаде Димитров.
Прашан дали договорите со Бугарија и Грција и носат подобра иднина на државата и дали е исправно што учевствувал во нивното потпишување, рече дека смета оти со неговата улога во нивното склучување ќе остане на светлата страна на историјата.
-Ова што го работам во моментов за мене е многу повеќе мисија отколку кариера. Сакам на следните генерации да им оставиме подобра држава, просперитетна држава, да имаат нашите деца подобри стартни позиции од оние што сме ги имале ние. Криењето на проблемите под тепих не помага, може е полесно ама верувајте не помага. Нашите големи сојузници и стратешки партнери ја препознаваат нашата политика на пријателство и соработка. Ние немаме друг пат освен овој по кој се движиме, затоа и понатаму сметам дека сум на вистинската страна на историјата, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров.