ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Донација на два инкубатори за Универзитетската клиника за детски болести

November 6, 2020 14:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити денеска присуствуваше на настан на којшто беа донирани инкубатори за предвремено родени и болни бебиња сместени на Одделот за неонатологија, педијатрија и цистична фиброза на Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје.

Ѓоргиевска истакна дека денешниот настан е свечен крај на една донаторска акција којашто е започната непосредно пред почетокот на пандемијата и се работи за набавка на високо софистицирана опрема – инкубатори, коишто ќе бидат поставени во одделението за неонатологија кадешто се грижат за најмладите бебиња.

„Верувајте дека грижата за предвремено родените за болните бебиња треба да претставува исклучително важен приоритет и во таа смисла беше и желбата да се набави оваа опрема и на таков начин да се спасат што е можно поголем број на животи. Во последните две години во Македонија се забележува позитивен тренд во смисла на намалување на смртноста кај предвремено родените бебиња и сметам дека и оваа донација ќе помогне во тој правец“ , истакна Ѓоргиевска и се заблагодари на сите кои се одзваа на оваа хуманитарна акција, пред се на хуманите граѓани и на општествено одговорните компании.

Генералниот секретар на Црвениот Крст, Саит Саити посочи дека со денешната донација за Детската клиника организацијата одбележува голем јубилеј, односно 75 години постоење.

„Денеска сметавме дека треба да бидеме токму тука, одбележувајќи го нашиот јубилеј преку предавање на оваа донација која сметаме дека навистина ќе биде од голема корист и ќе помогне за подобрување на условите на Детската клиника“ изјави генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Директорката на Универзитетската клиника за Детски болести, д-р Наташа Алуловска се заблагодари за организирање на кампањата, којашто покажала дека и во услови на криза има општествено одговорни чинители коишто сакаат да помогнат.

„Се лоцираше приоритетот на најранливата категорија. Тоа се предвреме родените бебиња коишто се во најголем ризик. Оваа донација значи многу и за нашите најмали пациенти, а најголеми борци, и за нивните семејства, но и за целиот персонал којшто ги лекува овие бебиња. Сакам да се заблагодарам на Црвениот крст и на д-р Бети којашто ни помогна во целата оваа кампања. Ова е од исклучително големо значење и се надевам дека оваа соработка ќе продолжи“ истакна директорката Алуловска.

Инкубаторите се обезбедени како дел од кампањата за помош на предвремено родени и болни бебиња, спроведена по повод 75 години од постоењето на Црвениот крст на Република Северна Македонија, „75 години каде е потребно“, а под покровителство на г-ѓа Ѓоргиевска. Средствата се собираа преку телефонски повици и со уплати во Фондот за солидарност на Црвениот крст.

Next Post

Милчо Манчевски добитник на наградата за најдобар режисер на Рејнденс во Лондон

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk