Недозволиво е клучни институции да се соочуваат со недостиг од луѓе, подвлече во денешното обраќање за јавноста заменикот претседател на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„Ќе посветиме особено внимание на засилување на виталните институции во борбата против криминалот, преку зајакнување на човечките ресурси и системски мерки,“ изјави Николовски и извести дека веќе се прави анализа и план за кадровско доекипирање на инспекциските служби, кои во овој период на пандемијата од вирусот КОВИД-19 преку контролите имаат важна улога во почитување на здравствените протоколи.





