„Владата на Република Северна Македонија обезбеди 470 милиони евра со кои ќе се реализира четвртиот пакет економски мерки.
Со усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 обезбедивме поддршка на граѓаните и економијата за справување со последиците од коронавирусот.
Дополнително, обезбедени се средства за 19 капитални локални проекти:
Скопје – Реконструкција на Универзална сала
Куманово – Реконструкција на спортска сала Соколaна
Пробиштип – Проект за техничка вода за индустриска зона
Крива Паланка – Канализација Бурови бавчи и Бојанов дол
Кочани – Кружни текови на улица Теодосија Пенов
Охрид – Имплементација на препораките на УНЕСКО
Маврово Ростуше – Еколошко решение за управување со отпад
Центар Жупа – Реконструкција на улица Илиска Краста
Штип – Конзоли за пешаци
Валандово – Изградба на пат Чалакли-Татарли
Прилеп – Улица Кеј Први Мај
Дојран – Дел од канализациона мрежа с. Фурка
Демир Капија – Изградба на канализација
Чаир – Систем за водоснабдување
Тетово – Цевки за систем за водоснабдување
Сарај – Канализациона мрежа
Кичево – Изградба на ОУ с. Црвица
Скопје – Почеток на изградба на клучка кај Момин Поток
Скопје – Почеток на изградба на мост во Карпош 4 кон улица Скупи.
Република Северна Македонија и во услови на пандемија и светска економска криза има средства и капацитети да продолжи со грижата за граѓаните на централно и локално ниво. „ Објави на својот фб профил Љупчо Николовски.