ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши претресот по предлогот за избор на Кацарска за уставен судија, ќе се гласа кога ќе се создадaт услови

November 6, 2020 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците на денешната седница го завршија претресот за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Претседателот на Собранието Талат Џафери потсети дека уставниот судија се избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и информира дека бидејќи нема услови за одлучување по однос на оваа точка, ќе се гласа во моментот кога ќе се создадат услови за гласање.

Во салата немаше доволен број пратеници ниту за гласање за другите точки на дневниот ред, така што Џафери во договор со координаторите на пратеничките групи ја прекина седницата и побара во 15 часот да има кворум за нејзино продолжување.

Инаку, пратениците денеска трет ден расправаа за предлогот за избор на Кацарска за судија во Уставниот суд.  И денеска опозицијата со оценка дека Кацарска не е соодветен предлог за уставен судија и затоа бараат предлогот да биде повлечен, додека пратениците од владеачкото мнозинство, во одбрана на предлогот за нејзиниот избор, потсетуваа дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ судството било донесено до најниско можно ниво.

Пратениците продолжија со расправа и по законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19 за месеците октомври, ноември и декември 2020 година и по Дополнувањето на законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, по скратена постапка. Расправата заврши и за измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, сите по скратена постапка.

Најавена е и расправа и по Предлог-законот за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи и Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, сите по скратена постапка.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Ја добивме првата блокада од Бугарија, со ребалансот средства за 19 капитални инвестиции, цела интерна клиника ќе биде за пациенти со Ковид-19

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk