ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонскиот државен врв и лидерите од светот им ја честитаат победата на Бајден и Харис

November 8, 2020 13:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ

Кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден ќе стане 46. претседател на САД. Американските медиуми ја објавија информацијата по победата на Бајден во неговата родна држава Пенсилванија, што му ги обезбеди потребните најмалку 270 изборни гласови за изборен успех.

Повеќе светски политичари му ја честитаа победата на демократот Бајден. Меѓу првите е шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

„Добро што конечно имаме неколку јасни бројки. Со нетрпение очекуваме да работиме со следната американска влада. Ние сакаме да инвестираме во нашата соработка за нов трансатлантски почеток, нов договор”, напиша Мас на Твитер.

Премиерот на Ирска Мајкл Мартин, кој напиша: Сакам да му честитам на новиот избран претседател на САД Џо Бајден, кој беше вистински пријател на оваа нација во текот на целиот свој живот и со нетрпение очекувам да соработувам со него во следните години. Исто така, со нетрпение очекувам да го пречекам дома кога ќе дозволат околностите!

Премиерот на Фиџи Франк Баинмарама му честиташе на Бајден на победата, порачувајќи му дека дека ќе соработуваат за сузбивање на климатските промени. „Заедно, имаме планета за спасување од климатската криза и да ја обновиме глобалната економијата по Ковид-19. Сега, повеќе од кога и да е, потребни ни се САД за да ги зациментираме овие мултилатерални напори“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека САД треба што е можно поскоро да се вратат во Парискиот договор за климата.

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис му честиташе на Бајден и оцени дека тој е вистински пријател на Грција и изрази убеденост дека за време на неговата администрација ќе зајакнат врските меѓу двете земји.

Премиерот на Канада Џастин Трудо упати честити до Бајден и потпретседателката Камла Харис. „Нашите две земји се блиски пријатели, партнери и сојузници. Ние споделуваме врска што е единствена на светската сцена. Јас навистина се радувам што ќе работиме заедно на надградување на тие односи““.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан на Фејсбук упати честитки до двоецот Бајден-Харис оценувајќи дека е дојдено време повторно да се градат мостови, а не ѕидови.

Шкотската премиерка Никола Старџен упати честитки, посебно нагласувајќи ја важноста на изборот на Камала Харис како прва жена во Белата куќа.

Премиерот на Малта Роберт Абала, честитајќи го изборот, оцени дека инспиративен е моментот за избор на прва жена во Белата куќа. 

Албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама ја честитаа победата. Премиерот Рама истакна дека било привилегија да се работи со претседателот Трамп и неговата администрација, додека победата на Бајден е спектакуларна.

И македонскиот врв им ја честиташе победата на Бајден и Харис:

Премиерот Зоран Заев во честитката до новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден.

„Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!“, објави на ФБ премиерот Заев.

И претседателот Пендаровски со честитки за изборната победа:

„Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата.“, напиша Пендаровски.
Ј. Ѓ.
Next Post

Филипче: Состојбата е критична, се полнат болничките капацитети, да бидеме максимално одговорни

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk