Владата ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓаните. Сега во надлежното министерство, во Министерството за труд и социјална политика се создава законско решение со кое недела ќе биде слободен ден за оние кои сакаат да бидат со своите семејства, истакна на денешната прес-конференција претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ, Милан Живковиќ.
Тој нагласи дека ова е сериозен чекор во градењето на фер и праведно општество за сите, сериозен чекор кон унапредување на условите за работа на работниците и работничките.
„Преку отворен и инклузивен процес на дебата ќе дојдеме до решение кое ќе биде целосно прифатливо и за работнциите и за синдикатите и за работодавачите и за стопанските комори.
Оваа мерка е контиунитет во политиките на СДСМ кои обезбедуваат унапредување на работничките права.
Како за потсетување: ја покачивме минималната плата прво на 12.500 а потоа и на 14.500 денари и ја израмнивме за сите стопански гранки. Наша интенција е до крајот на мандатот, до 2024 година таа да изнесува 20.000 денари.
Покачувања на платите добија вработените во сите сектори, вклучително и оние во приватниот сектор, а со мерките од четирите пакети антикризни мерки спасивме стотици илјади работни места и помогнавме илјадници компании.
Сигурни сме дека ќе има работодавачи и менаџери дури и работници и работнички за кои недела како неработен ден нема да биде начелно прифатлив – и тоа секако е нивно право. Но со недела како неработен ден за сите, нашето општество ќе добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефитот ќе биде за сите!“, рече Живковиќ.