Мислам и верувам дека Договорот за добрососедство од 2017 година, ако се исполнува со добра волја и совесно и ако не се бараат начини за заобиколување на неговите точки, ги има сите гаранции да се решат отворените прашања. За жал тоа не го гледаме некое време и неколкупати сигнализиравме за тоа и зборувавме со колегите од СРМ. Само последните месеци имаше повеќе од десет илјади негативни публикации со говор на омраза кон Бугарија, што ги сметаме за говор на омраза кон Бугарија и тие не треба да продолжат. Бугарија била и ќе биде една од државите кои ќе ги поддржуваат земјите од Западен балкан, но и тие треба да имаат своја одговорност и да се насочат кон реформи. Не треба во ЕУ да бидат пренесени проблеми од надвор. Му благодарам на Хајко Мас и неговиот тим што се обидуваат да помогнат, но ние како земји треба со добра волја да ги движиме отворените прашања напред за да други министри по 30 години не го доживуваат тоа што го доживуваме ние“, рече министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, на денешната прес-конференција на министрите Османи, Захариева и Мас во рамките на Берлински Процес.
Захариева вели дека бугарските услови кон Македонија не се сменети со години и е зачудена што тие за јавноста изгледаат како да се нови.
„Да, ќе ја носиме нашата одговорност, ние сме навикнати да ја носиме нашта одговорност. Би сакала и колегите во Скопје да ја носат својата одговорност“, одговори Захариева на прашањето дали Бугарија е подготвена да ја носи одговорноста за странските влијанија во регионот по бугарското вето.
Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи рече декадоговорот за добрососедство е одлична рамка за изноѓање заедничко решение за спорот со Бугарија.
„Јас лично сум оптимист. И двете земји вложивме многу. Премногу сме блиску за да не најдеме заедничко прифатливо решение“, изјави Османи.