Објавената информација ,, Син на екс градоначалник на Василево претепал сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ зошто ја критикувал работата на татко му ,, објавена на 12.11.2020 на Вашиот портал frontline.mk е целосно неточна, без никакви докази и факти иако имате институции за проверка во најмала рака МВР.
„Истата ја демантираме и отфрлуваме и сметаме дека е тенденциозна за да се наруши угледот и достоинството на мојот син и семејство.
Очигледно вака пласираната информација во која имате директна констатација , заснована на како што велите пораки е со цел да се оцрни личноста на мојот син, мене и целото моето семејсто.
Бараме јавно извинување за објавената вест на Вашиот портал на позиција каде што ја објавивте истата, а правдата ќе ја бараме и по судски пат бидејки иако не објавувате имиња сепак со констатациите и директно повикување на моја поранешна функција, јасно укажувате на јавноста за кого станува збор при што предизвикавте немир и болка во семејството“, пишува во демантот.