Репрезентативецот Енис Барди, кој поради повреда нема да биде дел од денешниот меч, пред почетокот на мечот на македонската репрезентација со грузијците кој одлучува кој ќе патува на Европското првенство догодина, испрати порака на Инстаграм до своите соиграчи.
„До овде стигнавме затоа што заслуживме, уште еден чекор пред големиот сон за сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, но ќе навивам до крај и ќе ве поддржам во секоја секунда на утакмица, поддржете се еден со друг и ќе ја добиеме уште оваа. Ајде момциии, сите сме со вас браќа!“, напиша Барди на Инстаграм.
Ангеловски за овој дуел, кој може да биде историски, не може да смета на Енис Барди кој поради повреда остана во Скопје, како и на Кире Ристевски и Крсте Велкоски кои беа позитивни на тестовите за коронавирус.
Македонската репрезентација од 18 часот во Тбилиси се среќава со домашната грузиска селекција во меч кој носи пласман на евро-шампионатот.
Ј. Ѓ.