ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Сè уште нема договор со Бугарија

November 12, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште нема договор со Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција.

Османи вели дека во оваа фаза не може да го предвиди исходот од преговорите, потенцирајќи дека останува уште малку време за договор за отворените билатерални прашања. Уште еднаш нагласи дека решението го гледа во рамките на Договорот за добрососедство.

Отворен сум да разговарам со опозицијата за кое било прашање, вклучитечно и за прашањата што се од државен и од јавен интерес и се многу сензитивни за сите граѓани, меѓутоа не сум спремен да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија по однос на вакви сензитивни теми, изјави Османи.

– Спремен сум денеска да се сретнам со опозицијата овде во Министерството, во нивното седиште, во Собранието, но ниту со нашата опозиција, ниту со бугарската, ниту со други политичари, немам намера да влезам во јавен политички дискурс или дебата кои може да бидат искореистени за дневно политички прашања и може да му наштетат на овој витален процес, особено сега кога тој е во завршница, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање зошто не се одѕвал на поканата да присуствува на денешната седница на собраниската Комисија за надворешни работи.

Тој нагласи дека со ова не избегнува транспаретност и комуникација, но во оваа атмосфера оптоварена со емоции, како што рече, таквите дебати и расправи во Комисијата нема да придонесат ништо конструктивно во овие клучни денови за процесот.

Османи додаде дека досега не бил контактиран за средба со опозицијата, туку само добил покана за учество на работата на собраниската Комисијата, истакнувајќи при тоа дека е подготвен да биде мост меѓу политчките партии, бидејќи, како што рече, внатрешната политчка кохезија е услов за успех на евроиинтеграцијата на земјата,

– Немам никакав предрасуда кон било кого. Подготвен сум да разговарам во било кој формат за сите прашања од државен интерес, но тоа да не биде дел од една драма и хистерија во интерес на политичките партии, потенцира Османи.

Next Post

Царовска со поддршка на кампањата против родово засновано насилство

НАЈНОВО

Tamara Skowronek

Конфликт на Блискиот Исток

October 27, 2025

Промоција на книгата „Индиго солзи“ од Нино Наумовски во КИЦ

October 27, 2025

Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk