Претседателот Стево Пендаровски вечерва на македонската фудбалска репрезентација и посака успех на натпреварот со Грузија. Победата на овој натпревар ја носи репрезентацијата на Европско првенство.
-Тимот на македонската фудбалска репрезентација од мене, но и од сите граѓани, има целосна поддршка. Вечерва, од 18:00 часот ќе ги бодриме и ќе навиваме нашите фудбалери да ја победат репрезентацијата на Грузија и да се пласираме на Европското фудбалско првенство догодина. Во краток разговор со капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци им посакав среќа и да се вратат во Скопје со победа и во добро здравје, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук-профил.